Имате прашања во врска со вашиот Шевролет?

Барате да купите нов автомобил?

Продажбата на нови Шевролет автомобили прекина

Македонија ја прекина продажбата на нови Шевролет возила.

Како клиент на Шевролет сакаме да ве увериме дека Шевролет е посветен на вас и вашето возило во иднина. Овластените сервисери на Шевролет ќе продолжат да обезбедуваат сервисирање и доставување на оригинални делови од Шевролет за возилата на Шевролет на ист начин како и досега. Сите изјавени писмени гаранции или планови за сервисирање на возилата на Шевролет ќе останат непроменети, и ќе бидат во целост испочитувани во согласност со условите на важечкиот договор.

Околу 2000 сервисни пунктови на Шевролет ќе продолжат со работа во Западна и Централна Европа за да ве обезбедат со сервисирање, поправка и гаранциски работи, кои би му биле потребни на вашиот автомобил во иднина. Во Македонија има 3 овластени сервисери кои ќе продолжат да бидат достапни за вас. Нивните адреси може да ги најдете тука.

Доколку ви е потребна дополнителна поддршка, повикајте го нашиот контакт центар.
Tel.: +389 2 3296094

Примив писмо за отповикување на производ. Што да правам?

Ве молиме да се придржувате до инструкциите наведени во писмото и да закажете состанок со вашиот овластен сервисер. За да пронајдете овластен сервисер кој се наоѓа во ваша близина, проверете го локаторот за овластени сервисери на интернет страницата.

За колкав временски период / колку години Шевролет ќе продолжи да доставува сервисни делови за мојот автомобил?

Ние ќе продолжиме да доставуваме оригинални делови од Шевролет за возилата на Шевролет, најмалку 10 години по продавањето на последниот нов Шевролет во Македонија.

Јас имам изнајмено Шевролет. Дали ќе го исполнам периодот на изнајмување и ќе можам да го вратам автомобилот како што е планирано?

Вашиот договор за изнајмување ќе остане непроменет. Единствено компанијата од која го изнајмувате возилото, може да дискутира или да се согласи на промени во договорот.

Јас купив Шевролет, кој сè уште не е испорачен. Дали ќе го добијам автомобилот?

Вашата нарачка е сè уште валидна. Ве молиме контактирајте го вашиот дилер за испораката на автомобилот.

Зошто Шевролет одлучи да ја напушти продажбата на нови автомобили во Европа?

Заради голем број неповолни фактори што влијаат врз автомобилската дејност во Европа во текот на последните неколку години, деловните резултати на Chevrolet беа, и се прогнозира дека ќе продолжат бидат неприфатливи. Од таа причина, беше донесена одлука да се прекине продажбата на патничките возила Chevrolet во западна/централна Европа. Меѓутоа, Chevrolet ќе продолжи да го нуди целосниот асортиман на патнички возила Chevrolet во Русија и во Заедницата на независни држави. Дополнително, GM ѝ останува посветена на Европа, како клучен регион, и во иднина, ќе ги фокусира своите ресурси во брендовите Opel/Vauxhall.

Со напуштањето на бизнисот со продажба на нови автомобили во Европа, дали планирате да го откажете вашето спонзорство со Манчестер Јунајтед?

Партнерството со Манчестер Јунајтед е од глобален карактер и нашата намера е да ја продолжиме оваа врска за да се изгради брендот Шевролет низ целиот свет. Ние сме особено горди што лептир машната на Шевролет сега е на новиот дрес на Манчестер Јунајтед.