Captiva – Осигурајте се дека сигурно и соодветно сте го спакувале својот автомобил

Заштитете ги најважните – Вашите патници

Пораката за носење појаси, за специјални детски седишта како и за прилагодување на седиштата допре до сите. Што е одлично.

За жал, некои не мислат на сигурноста додека го товарат автомобилот со багаж. Ова може да ги стави во опасност Вашите патници.

Chevrolet Captiva – спакувајте го Вашиот багаж сигурно

Captiva е семеен SUV кој нуди богата опрема, за сигурно и удобно да го превезете Вашиот багаж.

Captiva располага со 465 литри багаж

Со толку голем простор во багажникот, предизвикувачки е само да се обидете да го наполните Вашиот автомобил со багаж.

Сепак, наглото кочење или пак судар, го прави Вашиот багаж опасен за Вашата безбедност.

Совети за безбедно пакување:

  • Ставете ги тешките предмети на дното и зацврстете ги со задните седишта.
  • Потполнете ги празнините помеѓу тешките предмети со полесни предмети, како на пример пешкири за на плажа, спортски торби и сл.
  • Избегнувајте да ја надминете линијата над задните седишта.
  • Користете мрежа и каиши за багажот за да го минимизирате поместувањето.
  • Запомнете дека треба да го ставите триаголникот, елечињата, како и прва помош на достапно место. Не ставајте ги никогаш на дното!

Captiva – користи мрежа и каиши за багажот

Мрежи за багажот

  • Стандардна опрема на сите Captiva со 7 седишта.
  • Достапни се и како стандардна опрема кај Captiva со 5 седишта.
  • Доколку поседувате Captiva, мрежите за багажот можат да се купат и наместат во кое било локално дилерство.

Карго каиши

  • Се препорачуваат исто така за да го онеспособат поместувањето на багажот.
  • Каишите се стандардна опрема кај сите Captiva
  • Каишите се достапни кај сите локални дилерства

Сигурно превезување на предметите на покривот од автомобилот

За Captiva постои палета додатоци, како на пример држачи за точак, како и туле, кои се дизајнирани да бидат сигурни. Нема да ги мислите воопшто.

Притисок за гумите како и долги светла

Притисок за гумите

  • Заради тешкиот товар, мора да го прилагодите и притисокот на гумите
  • Погледнете го Вашиот прирачник за автомобилот

Долги светла

  • Дополнителната тежина во задниот дел на автомобилот, ја поткрева предницата, а со тоа се менува и светлосниот сноб од предните светла. Ова значи дека навечер ги заслепувате автомобилите од спротивниот правец
  • Најголем дел од Captiva автомобилите доаѓаат можност за автоматско нивелирање на светлата
  • Доколку Вашиот автомобил го нема овој елемент, мора да ги прилагодите светлата
Прикажаните фотографии служат само како илустрација. Прикажаните фотографии се генерален приказ на палетата на прозиводи, и истите можат да варираат од стандардното ниво на уредување. Прикажаните цени се само предложени цени за малопродажба. За конкретни понуди Ве молиме обратете се до партнерите - застапници на Шевролет. Chevrolet Central and Eastern Europe Kft. и Chevrolet застапништвата го задржуваат правото да направат модифиција или прекин, да ги изменат спецификациите, боите и карактеристиките на производите, во секое време и без било какво известување. Chevrolet не гарантира дека моделите прикажани на веб локацијата и нивните карактеристики ќе бидат достапни веднаш кај застапниците на Chevrolet. Од оваа причина Ве советуваме да ги проверите карактеристиките на возилата избрани кај застапникот на Chevrolet на кого му верувате пред да направите нарачка за купување. Информацијата се однесува само на Македонскиот пазар.
All links are external and will open in a new window.