
Планирате да возите до Вашата омилена дестинација, заедно со Вашите деца?
Навистина?
Долгите патувања се интересни и носат многу спомени, сепак тие се и стресни. По неколку часа возење, децата веќе почнуваат да се расправаат и постојано прашуваат: „Стигнавме ли?“.
Затоа, испланирајте се однапред и земете го следново во предвид:
Навратете се на Вашето детство – знаете дека не е сé во електрониката. Игрите во кола се интересни, исто така.
Chevrolet Ви предложува неколки семејни игри, кои ќе го „скратат“ патувањето:
Еден почнува и вели: „Отидов на пазарување и купив...“. Вториот го повторува тоа што го кажал првиот и додава збор, и така секој, сé додека некој забрави да спомене, кој што купил.
Дури и децата кои допрва ја учат азбуката, можат да ја играат оваа игра. Еден треба да ја каже буквата „А“, и да каже предмети на таа буква. Првиот кој, ќе успее да ги каже сите букви, поткрепени со предмет на соодветната буква е победникот. Можете да се натпреварувате или пак да играте како семејство.
Едноставна игра за Вашите мали дечиња. Тие треба да ги гледаат табличките од другите автомобили на патот и да ги забележуваат последните бројчиња од регистрацијата. Тие може да се или различни или исти. Еден треба да се одлучи кои бројчиња ќе ги следи, различните или пак истите. За секое бројче се добива по еден поен. Оној кој ќе собере 21 поен е победник.
Погледнете околу себе и изберете еден предмет, кој го гледата во автомоболот или пак на патот. Потоа почнете да им наговестувате, како на пример: „зелена боја“, „правоаголна форма“. Наговестувајте го оан што сте го замислиле, додека не погодат за што станува збор.
Замислете личност, место или предмет. Останатите треба да погодат што е, поставувајќи само 20 прашања. На прашањата треба да одговарате со „да“ или „не“, или пак „понекогаш“.
Играчите, со дланката треба да направат, камен(да ја соберат дланката во тупаница), лист(да ја испружат дланката) или ножици(со показалецот и средниот прст да направат V форма). Каменот ги удира ножиците, листот го покрива каменот, додека пак ножиците го сечат листот. Доколку двајца имаат направено иста форма со дланката, рутината се повторува.
Некој во автомобилот смислува наслов за приказна. Според насловот, следниот ја кажува првата реченица од приказната – „Си бил...“. Следниот кажува реченица, која се надоврзува на претходната, итн.
Со тоа што на овој начин ќе ги занимавате Вашите деца, ќе бидете одморени, ќе застанете на однапред испланираното место. На Вашите деца нема да им биде здодевно, а Вие нема да се нервирате. Сите ќе бидат релаксирани, и спокојно ќе пристигнете на посакуваната локација.
Запомнете да направите пауза.
На голем дел од автопатите има бензиски со играчница за децата, или пак отворени места, каде Вашите деца можат да се истрчаат.