Како да стигнете здрави и свежи до Вашата посакувана дестинација

Останете свежи крај управувачот

Најважно од сé: кога патувате долго, треба почесто да застанувате.

Уморноста влијае на Вашата концентрација, Ви ги ослабува рефлексите и проценките за патот, со што се зголемува можноста за сообраќајна несреќа.

Знаци за опасност:

  • Општа неудобност
  • Болки во вратот, рацете и рамената
  • Замаглен вид

Сиве овие знаци упатуваат на тоа дека Ви е потребен одмор.

Попуштете музика, пијте кофеин или пак застанете за мала прошетка. Сепак, сето ова не ја лечи умореноста.

Запомнете! Доколку Ви се приспие, нека вози некој друг или пак застанете на некое сигурно место и поспијте.

Лошење

На децата(понекогаш и на возрасните) им се лоши

Земете со Вас, лекови против лошење при патување

  • Во Вашата аптека може да набавите лекови против лошење при патување
  • Земете во предвид, дека треба да се напиете од апчињата, пред да тргнете на пат
  • Консултирајте се со вашиот доктор, пред да им дадете од лековите на Вашите деца

Што треба да направите, доколку на децата им се лоши

  • Отворете ги прозорците за да влезе свеж воздух во автомобилот
  • Застанете и излезете од автомобилот
  • Посоветувајте го Вашето дете да гледа надвор од автомобилот – најдобро е да гледа напред

Лошењето и зашеметувањето може моментално да се реши, со отворање прозор или пак со излегување од автомобилот. Охрабрете го Вашето дете да гледа надвор од автомобилот – најдобро е да гледа напред.

Што да јадете додека патувате

Во фрижидерот ставете здрава храна и пијалоци:

  • Свежо или сушено овошје
  • Чоколатца од житарици
  • Крекери
  • Многу вода

Сиве овие работи ќе Ви се најдат, особено доколку се најдете во метеж.

Избегнувајте тешка храна за време на патот. Таа е тешка за варење и може да предизвика лошење.

Погрижете се децата да бидат здрави

Појаси и седишта

  • Децата треба секогаш да бидат врзани, дури и ако патувањето е кратко
  • Секогаш користете го најсоодветното седиште
  • Имаме уште неколку совети за сигурност во автомобилот, за да Ви помогнеме да го испланирате Вашето патување

Кога е топло

  • Осигурајте се дека имате завеси за стаклата
  • Да се облечат соодветни алишта
  • Земете доволни колишества вода
  • Пуштете ја климата

Кога е здодевно

Децата на кои им е здодевно, го одвлекуваат вниманието на возачот. Од овие причини треба постојано да ги занимавате децата со игри, музика или пак некои други активности. Имаме многу идеи за тоа како да ги занимавате Вашите деца на пат.

Добра идеја е да застанувате почесто.

Прикажаните фотографии служат само како илустрација. Прикажаните фотографии се генерален приказ на палетата на прозиводи, и истите можат да варираат од стандардното ниво на уредување. Прикажаните цени се само предложени цени за малопродажба. За конкретни понуди Ве молиме обратете се до партнерите - застапници на Шевролет. Chevrolet Central and Eastern Europe Kft. и Chevrolet застапништвата го задржуваат правото да направат модифиција или прекин, да ги изменат спецификациите, боите и карактеристиките на производите, во секое време и без било какво известување. Chevrolet не гарантира дека моделите прикажани на веб локацијата и нивните карактеристики ќе бидат достапни веднаш кај застапниците на Chevrolet. Од оваа причина Ве советуваме да ги проверите карактеристиките на возилата избрани кај застапникот на Chevrolet на кого му верувате пред да направите нарачка за купување. Информацијата се однесува само на Македонскиот пазар.
All links are external and will open in a new window.