Правила и услови

Овој веб-сајт (во понатамошниот текст само „ сајт “) го води Chevrolet Europe, компанија, чиешто седиште се наоѓа на Stelzenstrasse 4, 8152 Glattbrugg, Швајцарија, во име на групацијата на поврзани компании што ги дистрибуираат возилата Chevrolet во Европа. За потребите на правилата и условите на овој сајт, Chevrolet Europe ја вклучува и компанијата General Motors Acceptance Corporation и другите компании што се поврзани со неа.

1. Интелектуална сопственост

Сите материјали на овој сајт се интелектуална сопственост на компанијата Chevrolet Europe. Овие материјали не може да бидат копирани или репродуцирани, освен до оној степен што е доволен за да се видат онлајн. Меѓутоа, можете да печатите цели страници од сајтот за лична употреба. Исто така, одвреме-навреме ќе Ви биде дадена можност да ја ископирате заднината или други елементи од сајтот. Ваквите активности се покриени со правилата и условите за копирање на компанијата Chevrolet Europe.

2. Поставување линк до сајтот

Ако сакате да поставите линк до овој сајт, ќе мора да отидете на почетната страница на компанијата Chevrolet Europe.

3. Вистинитост на информации

Информациите на овој сајт се наменети за корисниците на автомобили Chevrolet во Европа и може да бидат невалидни за други надлежности. Chevrolet Europe ќе се потруди да ја осигури точноста и ажурноста на содржината на овој сајт. Меѓутоа, Chevrolet Europe го задржува правото да ги смени спецификациите на производите во кое било време.

НЕ БИ ТРЕБАЛО ДА СЕ ПОТПРЕТЕ САМО НА ПОДАТОЦИТЕ ДАДЕНИ НА ОВОЈ САЈТ. CHEVROLET EUROPE НЕМА ДА БИДЕ ОДГОВОРЕН (ОСВЕН ВО СЛУЧАЈ НА СМРТ ИЛИ ПОВРЕДА) ЗА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ДОВЕРБАТА ВО КОЈА БИЛО ОД ИНФОРМАЦИИТЕ ДАДЕНИ НА ОВОЈ САЈТ. ИСТО ТАКА, CHEVROLET НЕМА ДА БИДЕ ОДГОВОРЕН (ОСВЕН ВО СЛУЧАЈ НА СМРТ ИЛИ ПОВРЕДА) ЗА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ВАШИОТ ПРИСТАП НА САЈТОТ ИЛИ НЕГОВАТА УПОТРЕБА.

4. Заштита на податоци

Chevrolet ја почитува приватноста на секој поединец што ќе го посети овој сајт. Клаузулата бр. 4 ги назначува информациите што Chevrolet Europe може да ги побара, како и оние податоци што може да ги употреби.

Chevrolet Europe нема да побара никакви податоци за Ваша лична идентификација (како на пример: Вашето име, адреса, број на телефон e-mail) („лични податоци “) освен ако не ги оставите доброволно. Ако на компанијата Chevrolet Europe и ги доставите личните податоци, тие ќе бидат зачувани за потребите на маркетингот, истражувања на пазарот, следењето на податоците за продажба и за да може компанијата да контактира со Вас. Chevrolet Europe може да ги проследи овие информации во рамките на својата меѓународна групација (GM Group) и до своите дилери и агенти за наведените потреби.

Ако не сакате повеќе да добивате дополнителни информации, пред да го притиснете копчето „испрати“ означете го полето на крајот на формуларот што се наоѓа на овој сајт.

Ако веќе сте ги внеле личните податоци и би сакале да ги избришете од нашата база на податоци, контактирајте со нас на e-mail адресата или на бројот на телефон наведени на крајот на Клаузулата број 4 од овој сајт. Ние ќе се потрудиме да ги избришеме Вашите податоци од базата.

Автоматски добиени податоци, кои не служат за лична идентификација

Во некои случаи можеме да добиеме податоци за Вас, кои не служат за лична идентификација. Примери за овој вид информации се пребарувачот по интернет што го користите, оперативниот систем што го користите или името на сајтот преку кој сте се поврзале со нашиот сајт или реклама.

Информации, кои автоматски можеме да ги поставиме на Вашиот hard disk

Кога ќе го прегледате сајтот, можеме да вметнеме некои информации во вашиот компјутер. Тие информации ќе бидат во облик на „Cookie“ или некој сличен документ и ќе ни помогнат на повеќе начини. На пример, "Cookie" ни помага да го приспособиме сајтот или рекламата според Вашите желби и интереси.

Кај повеќето пребарувачи по интернет можете да ги избришете сите Cookies од Вашиот hard disk, да ги блокирате или да примите предупредување пред да се постави кое било од нив. Ве молиме, погледнете ги упатствата на својот пребарувач за да дознаете повеќе за овие функции.

Ако имате какви било прашања во врска со користењето на Вашите лични податоци, Ве молиме, пратете e-mail на contact@chevroleteurope.com

5. Закон и надлежност

Сите спорови што може да се јават во врска со овој сајт ќе бидат решавани по судски пат и во согласност со законите во земјата во која се наоѓа националното претставништво на компанијата Chevrolet.


Фотографиите од автомобилите прикажани на овој сајт се со единствена цел да ги покажат различните модели на Chevrolet
All links are external and will open in a new window.