Имате прашања во врска со вашиот Шевролет?

Барате да купите нов автомобил?

Chevrolet со 3 години гаранција!

Нашата посветеност

Chevrolet сака да уживате во Вашето возење без никакви проблеми. Сакаме целиот процес – од купување автомобил до неговото сервисирање под гаранција – да биде јасен и практичен, без скриени трошоци и со одличен сооднос на цената и квалитетот. Chevrolet е автомобил од доверба, но ако нешто не е како што треба или, пак, ако Ви треба сервис, во Македонија има четири овластени сервисери.

Секој Chevrolet доаѓа со гаранција за 3 години или 100.000 километри. 2-годишната гаранција е валидна без ограничување на километражата.

Ние Ви овозможуваме 6 години антикорозивна гаранција за сите Chevrolet модели. Како сопственик на Chevrolet, Вие имате право на Chevrolet Евро Сервис 24 часа на ден во период од 36 месеци, почнувајќи од денот на регистрацијата. Сервисот вклучува бесплатна помош на пат и бесплатно влечење до најблискиот овластен Chevrolet сервисер, како и надомест за алтернативен транспорт во одредени околности