
Новиот Spark е резултат на соработка меѓу дизајнерски таленти од целиот свет: За разлика од повеќето негови ривали, тој има 5 врати и 5 седишта. Тој е еден од најпросторните автомобили во мини сегментот - одличен е за урбани вечерни излегувања со пријателите, или пак како втор автомобил за целото семејство. Интелигентниот дизајн, го прави Spark-от поширок, поудобен и попрактичен од останатите.
Spark - свеж, урбан изглед.Иновативниот дизајн на Spark предизвикува возбуда и го прави одличен додаток на градскиот начин на живеење. Тој не е твојот просечен “сладок и мил” мини автомобил: Неговиот спортски став и самоуверен профил му дава пропорции на големо возило и прави да изгледа самоуверено меѓу големиот број незабележливи градски возила.
Запознај си го сопствениот Spark.Брзиот, но сепак контролиран систем за ракување на Spark е комбинација од постојано усовршувани мотори, систем за заштита со 6 воздушни перничиња како и систем за помош при паркирање. Одвнатре и однадвор, новиот Spark ги предизвикува твоите очекувања за тоа како треба да изгледа еден мал автомобил.
Spark - нов и различен.Откриј го новото и неочекуваното - Spark се фокусира на интелигентен дизајн и максимална удобност на неколку иновативни начини:
Новиот Chevrolet Spark е изразлив, модерен и забавен. Нуди функционалност, пространост и едни од најдобрите карактеристики за безбедност во неговата класа.
Дали си подготвен да додадеш искра во твојот живот? Запознај го новиот Chevrolet Spark, кој набрзо ќе пристигне кај твоите дилери.
Погледни повеќе слики и видеа за новиот Spark на Chevrolet Spark ИАА 2009 Микространа
За дополнителни информации контактирај го твојот локален дилер: Chevrolet Дилер - Локатор
Покажан е модел од пред-производство. Спецификацијата на производот во производство може да варира од она што е прикажано, односно некои карактеристики дополнително се наплатуваат.
Информациите во врска со достапноста во други земји ќе бидат објавени наскоро.
Copyright © 2006, Chevrolet Македонија. All rights reserved