Chevrolet Volt - aвтомобил на годината 2012
Именуван за „Автомобил на годината 2012“, Volt не е само нов автомобил. Тој е прв електричен автомобил кој всушност создава сопствена електрична енергија, притоа проширувајќи го својот опсег до 600 km. Volt не претставува хибрид, ниту пак електричен автомобил кој функционира 100% само на батерија. Всушност, овој автомобил го нуди најдоброто од двете варијанти: слобода за возење на електричен погон, но со сигурност дека нема да бидете оставени во неволја.
Откријте го новиот Volt и како функционира неговата технологија.
Посетете ја страната http://www.facebook.com/ChevroletEurope
* Забелешка: iPhone APP во моментов не е достапен во Европа
Кажете збогум на “загрижувачкиот опсег“
Кај поголем дел од електричните автомобили што постојат на пазарот, потребно е да внимавате на индикаторите за батеријата, бидејќи кога нејзината енергија ќе се потроши, тоа е тоа: не можете да продолжите понатаму. А можеби во близина ќе немате уред за полнење кога ќе се најдете во ваква ситуација.
Volt е поинаков
Без грешка, Volt претставува електричен автомобил кој на возачите им ја нуди најдобрата варијанта. Voltec® електричната единица му дава 100% моќност на автомобилот, а основен извор на електрична енергија е литиум-јонската батерија на течно ладење/греење. Она што го прави Volt единствен е тоа што кога батеријата е потрошена, 1.4-литарски високо-ефикасен бензински генератор хомогено и инстантно ја активира дополнителната електрична енергија, со што Volt го проширува опсегот до 600 km.
Еве како работи Volt
Вклучете го во стандарден 230V приклучок, оставете да се полни до четири часа1 и потоа ќе биде подготвен да помине повеќе од 80 километри без емисија на штетни гасови. Потоа Volt, а уште поважно, Вие, ќе можете да продолжите да возите благодарение на продолжувачот на опсег.
Многу поважно е што Вие одвај ќе го забележите преминот кон дополнителниот опсег. Делумно, ова е благодарение на одличната звучна изолација и на нежниот генератор, но главен фактор претставува Voltec® електричната единица која на автомобилот му дава 100% моќност. Она што се менува е изворот на енергија што го напојува автомобилот. Кога батеријата е испразнета, продолжувачот на опсег хомогено ја презема работата – а известувањето се појавува на LCD екранот на инструмент таблата. Како возач, Вие не треба ништо да правите.
Volt користи регенеративно сопирање, кое што дозволува автомобилот да ја поврати енергијата додека се прави трансфер на енергијата во батеријата, а со тоа се зголемува и времетраењето на батеријата како и опсегот на Volt. И покрај сите овие иновации и возбудливи технологии, возењето на Volt не бара дополнителни вештини – Вие ќе бидете задоволни од неговото функционирање.
Ефикасно управување и иновација
Во Volt е вградена интелигентна технологија. Прочитајте ги само овие два наслови кои претставуваат одлични примери за иновацијата и креативноста што се вградени во овој автомобил.
Режими на возење – 4 опции
Сите ние треба да бидеме способни да се прилагодиме на она што не опкружува. Всушност, Volt се прилагодува на Вас и на Вашите возачки потреби:
- Normal – стандарден режим кој најчесто ќе го користите
- Sport – режим за поагресивен стил на возење
- Mountain – кога се наоѓате во планински или стрмни предели, овој режим го оптимизира начинот на возење
- Hold – овој режим е специјално дизајниран за Европа, Ви дозволува да возите со продолжен опсег и да ја користите електричната енергија кога ќе одлучите дека сакате да возите со 0 емисија на штетни гасови. Ова е особено корисно за градовите каде што се наплаќа количината на емисија на штетни гасови [употребете локални примери и модифицирајте ги соодветно)
Технологија на батеријата во Volt
Квалитетот на батеријата може да биде загрозен во екстремни временски услови, односно кога е премногу ладно или топло. За разлика од останатите батерии на електричните автомобили, литиум-јонската батерија на Volt има течен термички систем за управување со активна контрола. Со ова всушност се одржува температурата на батеријата на оптимално ниво, со цел постигнување на максимум перформанси и долг рок на употреба, дури и во случаи кога автомобилот не е во погон. Ова значи:
- Сигурни перформанси на батеријата – влијанието на екстремните временски услови (ладно и топло) е сведено на минимум
- Продолжен рок на употреба на батеријата
Батеријата, заедно со Voltec® системот и сите останати елементи, имаат 8 години гаранција или 160.000 km (кое ќе биде попрво исполнето).
Комфорен ентериер, опрема и безбедност
Во внатрешноста, Volt ги надминува очекувањата за просторност, комфор, удобност и опременост. Високата технологија на информативно-забавниот систем вграден на централната конзола претставува една од главните карактеристики, но комплетната слика ќе ја добиете доколку прочитате повеќе за возбудливите карактеристики наведени под сликата.

- 7“ колор LCD кластер со висока резолуција
- Отклучување без клуч (со далечински стартер) и палење на автомобилот со копче
- Ултра-модерни функции на допир за вклучување во централната конзола
- 7“ колор екран на допир со висока резолуција (контролирање на моќта и енергијата, радио, клима)
- Црни кожени седишта со греачи и бели кожени детали, керамичка бела централна конзола и панели на вратите
- Навигационо радио со 30GB хард диск за сите Ваши медиа фајлови (DVD, MP3, AAC, музика/филм/медиа податоци) со RDS и DAB радио
- Слушање музика преку Bluetooth и опција за hands-free разговори, вклучувајќи вграден телефон кој ја користи антената на возилото, со цел да се подобри сигналот на телефонот и синхронизација со Вашиот телефонски именик
- BoseTM високо-ефикасен систем со 6 звучника и резервен звучник, дизајниран специјално за Volt да обезбеди одличен акустичен звук, што всушност и се очекува од Bose, притоа со минимална потрошувачка на енергијата
- Автоматска клима со сензор за влажност
Безбедност
Вашата безбедност и безбедноста на Вашите патници претставува приоритет, а како и сé останато во Volt, за безбедноста е употребена висока технологија и иновативност:
- Подобрен безбедносен кафез со ултра цврст челик
- 8 воздушни перничиња - вклучувајќи и воздушни завеси за колената и главата
- Електро-хидраулични, предни/задни вентилирачки дискови на ABS сопирачки
- StabiliTrak Електронска Контрола на Стабилност со Контрола на тракција
- Систем за предупредување за пешаци – важна безбедносна карактеристика за тивките електрични автомобили
- ISOFIX прицврстувачи за детско седиште
- Монитор за следење на притисокот на пневматиците
Исто така, многу е важно што и Вашиот Volt е заштитен. Ние создадовме систем против кражби/за присилно отстранување на батеријата. На овој начин можете да го приклучите Вашиот Volt во стандарден 230V приклучок и да го оставите да се полни, а притоа да бидете сигурни дека е заштитен. За да ги избегнете гребнатините при паркирање, можете да ги користите предните/задните паркинг сензори, вклучувајќи и камера.



















