Oд 14.590 € Oд 19.790 €

Нашите најдобри SUV модели досега

Фер е да се каже дека Chevrolet знае малку за SUV автомобилите. Ние ја воведовме класата пред повеќе од 70 години, со претставувањето на ‘Suburban’ во 1936 година – првиот SUV автомобил во светот.

Секако, многу нешта се променија оттогаш. Други го имитираа нашиот дизајн, но преку константна еволуција успеавме да останеме напред, и во 2011 година го поседуваме, според нас, најфункционалниот и најубавиот SUV автомобил на пазарот – комплетно новиот Chevrolet Captiva.

Однадвор спортски, однатре практичен.

Поделената предна решетка и спортскиот став на Captiva ги покажуваат импресивните перформанси и моќните опции на моторите. Но тоа е практичната страна на новиот Chevrolet Captiva, која навистина ќе Ве воодушеви...

Истите модерни мотори се изненадувачки економични и, во внатрешниот дел, Captiva е практичен како што прилега. Флексибилните седишта дозволуваат за само неколку секунди, автомобилот да се трансформира од седмосед во 900-литарски носач на багаж, а пак паметните решенија за складирање ги има насекаде. Многуте воздушни перничиња ги заштитуваат Вашите сакани, а финалната обработка е одлична, каква што ќе најдете во оваа класа.

Новиот Chevrolet Captiva 2011 е резултат на сè што научивме од 1936 година и претставува врв на SUV дизајнот и вредностите денес.

Chevrolet Orlando со 7 седишта

Orlando Oд 14.590 €

Смел и сестран MPV седмосед.

  • Модерен, агилен изглед
  • Седишта во 3 реда
  • 900-литарски багажен простор со преклопени

Chevrolet Captiva со 7 седишта

Captiva Oд 19.790 €

Харизматичен семеен SUV со 7 седишта.

  • Екстензивна линија на модели (погон на 2 или 4 тркала, со бензински или дизел мотор)
  • Воздушни перничиња за возач, совозач, странични воздушни перничиња и завеси
  • Контрола на тракција, ‘Контрола при надолнини’ и ‘Контрола при угорнини’
All links are external and will open in a new window.