Chevrolet Spark – експресивен дизајн во градски автомобил со 5 врати
Chevrolet Spark комбинира експресивен надворешен дизајн, одлично опремена внатрешност и интелигентни карактеристики.
Однадвор компактен, Spark има пространа кабина која сместува до 5 возрасни. Со својот висок квалитет и мудри детали на дизајнот, Spark е помеѓу најбезбедните, најудобни и најпрактични автомобили во неговата класа.
На оваа страна
На оваа страна ќе најдете многу корисни информации во врска со овој возбудлив и забавен градски автомобил:
Експресивниот дизајн на Spark
Spark навистина се издвојува, благодарение на импресивниот дизајн на двојната предна решетка, аголните линии и скриените рачки на задните врати. Spark е достапен во живописни бои, кои го дополнуваат модерниот дизајн на екстериерот. Погледнете го Spark во десет достапни бои на екстериерот.

Одличниот изглед не е само за покажување
Како и одличниот изглед, така и одличниот дизајн треба да овозможува практични бенефити. Затоа се гордееме со карактеристиките како:
- Високо-позиционирани задни светла. Изгледаат одлично додека ја подобруваат видливоста и безбедноста.
- Впечатлив дизајн на лаковите на тркалата кои ја подобруваат аеродинамичноста и ефикасноста на горивото.
Погледнете ја подоброгалеријата од екстериерот на Spark.
5 седишта и стилски карактеристики
Во внатрешноста, Spark е пријатен и добро осмислен. Автомобилот дава просторно чувство, а за возачот, командите се интуитивно поставени и точно каде што сакате.
Невообичаено за автомобил од оваа големина, Spark комфорно сместува 5 возрасни, поради што претставува совршен избор за патувања со пријателите и семејството. Видете повеќе во галеријата од ентериерот на Spark.

Аудио систем на Spark
Кога сте во Spark, сакате да ја слушате омилената музика. Тој е таков автомобил. Стандардните карактеристики на Spark вклучуваат радио/CD со AUX-in и USB приклучоци за Вашиот iPod или MP3 уред.
Интелигентно складирање и багажен простор
Spark има многу места за складирање на сите работи што ги носите со себе – мобилни телефони, iPod и MP3 уреди, торби. Еве неколку од нив:
- Прегради на централната конзола за мали предмети, карти, билети за паркирање и ситни монети
- Двоен држач за чаши
- Преграда во боја за складирање на предната страна на инструмент таблата
Големата врата на багажникот на Spark го отвора дарежливиот багажен простор од 170 литри. А сето тоа со кренати задни седишта. Преклопете ги задните седишта и ќе добиете преку 568 литри багажен простор.
Безбедност – нашиот прв приоритет
Можеби Spark е мал забавен автомобил, но она што навистина го сфаќаме сериозно е безбедноста. Spark е еден од најбезбедните автомобили во неговата класа.
Дознајте повеќе за безбедноста на Spark на страната за технички спецификации на Spark.

6 воздушни перничиња
Spark има 6 воздушни перничиња за да ги заштити своите патници од сите страни. Двојни предни воздушни перничиња, странични воздушни завеси за заштита на Вашата глава и дополнителни перничиња поставени на седиштата за граден кош и стомак.
Појаси за безбедност
Сите појаси на Spark се прицврстени со затегнувачи. Назад има појаси со 3 точки на поврзување и стандардни прицврстувачи за ISOFIX детско седиште.
Безбедност на децата
Во официјалното NCAP тестирање на предните и странични бариери, Spark освои максимални поени за својот заштитен.
Перформанси што ќе Ви се допаднат
Spark е забавен за возење: подвижен и пргав во град, а комфорен и нежен на отворен пат. Како и одличните карактеристики за управување, така и моторите на Spark се дизајнирани да Ви овозможат:
- - eфикасна потрошувачка на гориво
- - ниски трошоци за одржување и управување
Одберете 1.0 литарски или 1.2 литарски бензински мотори, кои се достапни со 5-степен мануелен менувач.
Spark додатоци
Развивме голема палета на додатоци со кои навистина можете да добиете многу од Вашиот Spark. Има сè, од носачи за велосипеди, кровни шини за скии, кутии за кров и многу други додатоци. А кога станува збор за безбедноста на децата, палетата ги содржи овие важни предмети:
- Детско седиште "Duo Plus"
- Бебешко седиште "Baby Safe Plus"
- ISOFIX основа за "Baby Safe Plus"




За да дознаете повеќе за останатите додатоци за Spark, Ве молиме контактирајте го Вашиот локален Chevrolet продавач.
Oд 7.090 €
-
Spark LOд 7.090 €
- ABS
- Клима
- Серво волан
- 6 воздушни перничиња (предни, странични, кровни)
- Електрика на предни стакла
- Централно заклучување
- CD-Радио MP3 со USB конекција, 4 звучника
- Детско седиште ISOFIX
-
Spark LSOд 8.135 €
Дополнително од L:
- 14'' алуминиумски фелни
- Предни светла за магла
- Прилагодлив управувач по висина
- Далечинско централно заклучување
-
Spark LTOд 9.100 €
Дополнително од LS:
- Електрика на сите стакла
- Задни паркинг сензори
- Електрика на странични ретровизори со греачи
- Аудио команди од управувач
- Боард компјутер
















