NCAP
 

Chevrolet Orlando – флексибилност на 7 седишта и модерен дизајн

Chevrolet Orlando – семејно возило со смел дизајн, кое е толку сестрано во внатрешноста, колку што е впечатливо однадвор. Во еден момент, комфорно пренесува седум луѓе, а во следниот, седиштата се спуштени и возилото е исполнето со мебел. Со своите 16 различни комбинации за седење, Orlando е извонредно прилагодливо возило.

 

Извонреден дизајн

Неверојатно поинаков, Orlando е личен приказ – ова е автомобил кој ќе се издвои во возниот парк, и тоа со вистински причини.

This website requires Adobe Flash player. You can get the Adobe Flash player by using the button below.

Get Adobe Flash player

Orlando е достапен во палета од атрактивни бои, од ‘Smokey Grey’ до ‘Velvet Red’. Алуминиумските тркала се стандардни кај LT и LTZ нивоа на опременост.

Видете повеќе во нашата галерија со фотографии од екстериерот на Orlando.

 

Сé е до флексибилноста

Седмоседите треба да овозможат многу повеќе отколку да сместат 7 луѓе – сé е до сестраноста. Па така, доколку треба да го наполните Вашиот MPV со пријатели/багаж/кучиња или торби за голф, Orlando има решенија за седење и складирање кои тоа ќе го овозможат. Orlando навистина е се што сакате да биде.

  • Orlando се карактеризира со засилен безбедносен кафез.
  • Флексибилни комбинации за седење
  • Преклопете ги сите задни седишта за голем багаж
## Zoom

Покрај 16-те различни комбинации за седење, ќе најдете мноштво од места за складирање или прикривање на Вашите лични предмети. За повеќе детали, погледнете го видеото за складирање во Orlando.

 

Стилски дизајн на ентериерот

Однатре, Orlando е исто толку стилизиран како и однадвор. Двојната кабина, инспирирана од Corvette, ја дава централната фигура на ентериерот, додека мазните панели брановито се движат во пространата кабина.

This website requires Adobe Flash player. You can get the Adobe Flash player by using the button below.

Get Adobe Flash player

Копчињата за возачот се интуитивно поставени, со аудио и MP3 контролни копчиња на управувачот или близу до инструмент таблата.

Светло синото осветлување на Chevrolet јасно ги осветлува инструментите и копчињата.

Патниците ќе уживаат во изненадувачки просторната внатрешност на Orlando, во која има повеќе од доволно простор за нозете и главата.

За повеќе, посетете ја нашата галерија со фотографии од ентериерот на Orlando.

 

Напредни безбедносни перформанси – сега со NCAP 5 ѕвезди

Знаеме дека за Вас, безбедноста е приоритет. Затоа, Orlando ја користи најновата технологија и вклучува 6 воздушни перничиња. Двојниот ISOFIX систем е стандарден кај сите Orlando модели – за употреба со ISOFIX детски седишта.

Orlando се карактеризира со засилен безбедносен кафез.

Orlando се карактеризира со цврст, засилен безбедносен кафез, кој вклучува систем што апсорбира висока енергија, со цел да го намали ефектот од удар и да ги заштити патниците.

Контрола на тракцијата е стандардна

‘ ‘Системот за Електронска Стабилност’ овозможува контрола на тракција за помош против пролизгување, со автоматско корективно сопирање на соодветните тркала, со цел да Ви помогне побрзо да ја вратите контролата над возилото.

Помош при паркирање

Паркирањето е исто така побезбедно – LT и LTZ моделите нудат интелигентен систем за помош при паркирање, за заштита на надворешноста на автомобилот од непотребна штета.

 

Перформанси кога Ви се потребни

Динамичното возење е овозможено преку асортиманот на мотори, од 1.8 литарскиот мотор со 5 брзини до 2.0 литарскиот дизел модел, достапен со автоматски менувач или 6-брзински мануелен менувач. Бензин или дизел, мануелен или автоматски – за кој мотор или менувач ќе се одлучите, ќе го пронајдете динамичното возење, менувањето брзини мазно како свила и моќноста при влечење на тежок товар, како и при транспорт на повеќе патници.

Orlando можеби ја има сестраноста на MPV, но неговото управување не може да се сретне кај ниту едно друго возило од неговиот сегмент. Свиоците ги поминува со самодоверба, а на отворен пат овозможува урамнотежено возење, без разлика на условите.

 

Додатоци кои се вклопуваат во Вашиот живот

Со цел да го надополниме сестраниот Orlando, ние развивме палета на додатоци кои ќе Ви помогнат да го персонализирате и прилагодите Вашиот автомобил.

Ние развивме одлична палета на додатоци со кои навистина ќе можете да извлечете максимум од Вашиот Orlando. Има сè, од носачи на велосипеди, носачи на скии, кутии за кров и многу други додатоци.

А кога станува збор за безбедноста на децата, палетата ги содржи овие важни безбедносни предмети:

  • Детско седиште "Duo Plus"
  • Бебешко седиште "Baby Safe Plus"
  • Isofix основа за "Baby Safe Plus"

Понесете го Вашиот велосипед со овој заден носач за велосипеди.

За да дознаете повеќе за останатите додатоци за Orlando, Ве молиме контактирајте го Вашиот локален Chevrolet продавач.

Не сте заинтересирани за овој модел? Модели!
All links are external and will open in a new window.