NCAP
 

Новиот Aveo – подготвен за забава, подготвен за живот.

Кога станува збор за градски автомобили со 5 врати, новиот Aveo тешко може да се игнорира: елегантен изглед, спортско управување, важни безбедносни карактеристики, економична потрошувачка на гориво и разновидност. За Вашите пари ќе добиете многу, затоа што овој мал автомобил не прави компромис.

 

Aveo: автомобил со чувство за забава

Комплетно новиот Aveo зрачи со дух и забава. Елегантен, самоуверен стил однадвор, а пак однатре, модерна инструмент табла инспирирана од моторциклите, светлосино позадинско осветлување и важниот aux-in приклучок за Вашиот MP3 уред. Сето ова, плус комфорно седење за петмина.

Забавата не престанува овде: новата шасија на Aveo е една од најцврстите во неговата класа, што значи дека е динамичен и подготвен за возење. Тоа, заедно со новата возбудлива палета на мотори и 6-степен менувач, значи дека Aveo е забавен, забавен, забавен за возење.

 

Карактеристики на ентериерот на Aveo

Отворете ја вратата и влезете во новиот Aveo. Веднаш ќе ја забележите неговата префинетост. Aveo поседува карактеристики кои знаеме дека ги барате кај еден автомобил: карактеристичен, а сепак практичен стил, интелигентни опции за складирање, просторност, високи нивоа на стандардна опрема и квалитетна завршница.

  • Инструмент табла со светлосино позадинско осветлување
  • Простор за складирање под седиштата на Aveo
  • Aveo седан – 500 литри багажен простор
## Zoom

Постојат два отвори за складирање – горниот има интегриран USB приклучок, што значи дека Вашиот MP3 уред можете да го контролирате и преку контролните копчиња на управувачот, додека пак долниот е за складирање на Вашите секојдневни предмети.

За целосен впечаток, погледнете го видеото за карактеристиките на ентериерот на Aveo.

 

Карактеристичен надворешен стил

Она што мислиме дека ќе Ви се допадне кај Aveo е тоа што е карактеристичен – освежувачки поинаков. Светлата инспирирани од моторциклите се одличен пример, сместени во двојни цевки со сјајни црни лежишта и хромирани прстени.

Изразените лакови на тркалата го продолжуваат самоуверениот став, а пак назад, задните светла на Aveo додаваат допир на елеганција и префинето аеродинамично држење.

Погледнете повеќе фотографии од екстериерот на Aveo.

This website requires Adobe Flash player. You can get the Adobe Flash player by using the button below.

Get Adobe Flash player

 

Забавен за возење, но сепак умерен за гориво

Енергичното управување и економичната потрошувачка вообичаено не одат заедно, но сепак постојат кај новиот Aveo хечбек. Всушност, постигнувањето на рамнотежа помеѓу уживање во возењето и грижа за околината беше главен принцип, кој го водеше дизајнот на линијата мотори на Aveo. Знаеме дека ова се важни услови за Вас.

Четири бензински мотори се создадени со иновативни карактеристики за да придонесат во перформансите и ефикасноста, со импресивни 5.1 л/100км и емисии од 119г/км за 1.2 литарската верзија со 70 КС. Дизел мотор од 1.3 литри ќе биде достапен од есен, кој ќе се карактеризира со Start/Stop технологија.

Модерно задно светло на Aveo
 

Напредни безбедносни перформанси – сега со NCAP 5 ѕвезди

Стандардни кај сите модели се шест воздушни перничиња, 4-канален систем против блокирање при сопирање (ABS) со помош при сопирање и Електронска Контрола на Стабилност (ESC). Ремените за ISOFIX седишта се стандардни кај сите модели и се дизајнирани за употреба со ISOFIX детско седиште.

Затегнатата рамка не е само за уживање во возењето. Таа е клучна за напредните безбедносни перформанси на Aveo: во случај на незгода, кровот е способен да издржи 4.2 пати повеќе тежина од тежината на автомобилот. Напредните челици кои се употребени кај Aveo имаат поголема моќ за истегнување, која ги заштитува патниците внатре во автомобилот.

Помош при качување угорница

Оваа одлична стандардна карактеристика го спречува враќањето наназад при искачување на угорница. Таа го задржува автомобилот во место за половина секунда, давајќи Ви време да притиснете на педалот за гас и безбедно да продолжите.

Follow-Me-Home и Помош при Паркирање Наназад со Звучно Предупредување

Доколку дома пристигнувате доцна, “Follow-Me-Home” предните светла остануваат вклучени да го осветлат патот до Вашата врата, додека не се изгаснат автоматски..

This website requires Adobe Flash player. You can get the Adobe Flash player by using the button below.

Get Adobe Flash player

 

Додатоци за Aveo

Ние развивме одлична палета на додатоци со кои навистина ќе можете да извлечете максимум од Вашето Aveo. Има сè, од носачи на велосипеди, носачи на скии, кутии за кров и многу други додатоци.

А кога станува збор за безбедноста на децата, палетата ги содржи овие важни безбедносни предмети:

  • Детско седиште "Duo Plus"
  • Бебешко седиште "Baby Safe Plus"
  • Isofix основа за "Baby Safe Plus"

За да дознаете повеќе за останатите додатоци за Aveo, Ве молиме контактирајте го Вашиот локален Chevrolet продавач.

Не сте заинтересирани за овај модел? Споредете ги моделите сега!
All links are external and will open in a new window.