Високо-квалитетен ентериер на Captiva
Благодарение на квалитетните материјали и завршницата, Captiva навистина дава чувство на висока класа и е опремена по високи стандарди за да се зголеми нејзината сестраност. Погледнете ги овие две видеа и приближете се до Captiva – сликите кажуваат многу повеќе од зборовите.
Сестран и просторен багажен простор
Флексибилните опции за седење значат дека Captiva е сестрана. Со преклопување на третиот ред седишта се обезбедува багажен простор од 769 литри. Преклопете ги вториот и третиот ред и багажниот простор е огромен, 1577 литри – еден од најголемите во SUV класата.
Погледнете го видеото за да видите како можете да:
- Ги преклопите седиштата со една рака
- Сместите високи и обемни предмети,, благодарение на големиот отвор
- Ги лизгате предметите внатре со цел да се олесни нивното подигање
Погледнете го стилскиот заден прозор преку кој лесно можете да преместувате предмети внатре или надвор.
Квалитет на ентериерот и складирање
Во внатрешноста ќе најдете карактеристики и стандарден квалитет каков што обично очекувате да видите кај многу поскап автомобил. Погледнете ги високо-квалитетниот текстил и шевовите на седиштата и големиот простор за складирање – секогаш каде што ќе посакате.
Погледнете го видеото и овие останати одлични карактеристики:
- Прилагодување на седиштата во 4 правци
- Aux-in iPod приклучок и аудио контролни копчиња на управувачот
- 7’’ екран (со опција за навигација)
Погледнете ги преградите за складирање на централната конзола.














