NCAP
 

Chevrolet Captiva – Повеќе моќ. Повеќе практичност. Повеќе решителност.

Решителен SUV со изгледот што го посакувате и сестраноста што ја барате. Базирајќи се на успехот на претходниот модел, Captiva е вистинско возило за сé, започнувајќи од извршувањето на секојдневните семејни обврски до спортски животен стил.

 

Стил со решителност

Моќноста под хаубата се рефлектира во решителниот надворешен дизајн на Captiva.

  • Captiva Ви гарантира многу восхитувачки погледи додека возите низ град.
  • Изглед на Captiva го потврдува храбриот дизајн на Chevrolet.
  • Chevrolet Captiva – моќ, практичност, решителност.
## Zoom

Секоја одлука што сме ја донеле во врска со дизајнот, доведува до автомобил кој бара внимание – автомобил кој е импресивен за гледање, како и за возење. Погледнете повеќе фотографии од екстериерот.

 

Внатрешен квалитет и складирање

Секаде каде што ќе погледнете, ќе видите ново ниво на квалитет и сестраност.

  • 6 преклопливи седишта за огромен багажен капацитет.
  • Електронска рачна кочница како стандардна.
  • Високо-квалитетна завршна обработка и текстури.
## Zoom

Погледнете го видеото за ентериерот и складирањето во Captiva за да добиете целосен впечаток за тоа каков е навистина овој решителен SUV.

 

Уживање во возењето

Под извајаниот преден капак ќе најдете еден од четирите моќни мотори – мотори што ги поседуваат најновите мануелни и автоматски шест-брзински менувачи за моќно, но сепак нежно возење.

This website requires Adobe Flash player. You can get the Adobe Flash player by using the button below.

Get Adobe Flash player

Бензински мотори

Мотори на Captiva вклучуваат број технолошки подобрувања. Помеѓу нив, варијабилно временско темпирање на вентилите на нашиот DOHC 2.4 литарски ECOTEC бензински модел, кој нуди 167КС и само 10.5 секунди од 0-100 km/h.

Дизел мотори

Исто така, нема да Ве разочараат и нашите дизел понуди за 2011 година. Турбо наполнет 2.2 литарски модел ќе биде достапен во две изданија со 163КС или 184КС. Не само што нашите дизел модели се помоќни, туку имаат и многу пониски емисии на CO2, под дозволените рамки.

Трансмисија и опции за возење

Изберете мануелен или автоматски менувач. Изберете конфигурација со преден или погон на четири тркала по желба. Каде и да одите, имајте на ум дека стандардната шасија на Captiva е подобрена за зголемена динамичност на возилото, подобрено управување и импресивна стабилност, за уживање во возењето на секое патување.

 

Безбедносни перформанси на Captiva – сега со NCAP 5 ѕвезди

Captiva поседува шест воздушни перничиња – двојни предни и странични воздушни перничиња за возачот и совозачот и воздушни завеси за задните патници. Појасите со затегнувачи и можноста за лимитирање на силата на појасите се грижат за безбедноста на патниците на предните седишта, додека додатокот за ISOFIX се наоѓа на вториот ред, за брзо и безбедно сместување на детските седишта.

Сигурното држење на патот е исто така приоритет. Убаво е да се знае дека TCS - Системот за Контрола на Тракција Ве одржува сигурно на патот, Електронскиот Систем за Стабилност го елиминира пролизгувањето и Системот за Помош при Кочење е подготвен за кочење при итни случаи. Сите овие безбедносни карактеристики се стандардни.

Друга паметна безбедност за Captiva е системот за Помош при Качување на Угорница.

Возењето по удолница е полесно благодарение на DCS (Систем за Контрола при Удолница). Тоа е технологија која автоматски го успорува возилото на поголеми стрмнини, што значи нема да имате потреба од константно притискање на педалата за кочење.

This website requires Adobe Flash player. You can get the Adobe Flash player by using the button below.

Get Adobe Flash player

Погледнете го видеото со карактеристиките на Captiva за да видите како функционираат стандардните "Follow-me-home" светла и опционалната камера за паркирање.

 

Додатоци и прилагодување

Со комплетен возачки пакет, Captiva е најблизу до комплетен SUV. Ние знаеме дека секој сака да го персонализира своето возило и дека не секој што купува ваков автомобил има ист животен стил и барања. Токму тука е убавината на додатоците.

Пронајдете го својот пат со вградениот навигациски систем.
Децата ќе бидат среќни со DVD плеерите поставени на задниот дел од потпирачите за глава на предните седишта.
Имате куче? Ние Ви нудиме специјално направена Captiva решетка за кучиња.
Кутија за покрив за оние што имаат потреба од повеќе простор...
Не сте заинтересирани за овај модел? Споредете ги моделите сега!
All links are external and will open in a new window.