Нов Malibu – седан со огромна вредност и првокласно чувство.
Malibu е карактеристика на американските автопати уште од 1964 година. Низ годините, овој семеен седан освои многу награди во индустријата – повеќе од 40 до 2008 година. А сега пристигнува во продажба и на македонскиот пазар. Новиот Malibu е дизајниран да понуди автомобил каков што заслужувате: одличен за возење, извонредно комфорен и добро опремен.
Одраз на стил и моќ
Malibu е убав, со силуета која наликува на купе. Широк став, со светла завртени наназад и мускулести раменици кои потсетуваат на легендарниот Camaro – а дополнително му даваат аеродинамична ефикасност. Ксенон предните и LED задните светла му додаваат дополнителна самоувереност на веќе атрактивниот предлог.* Визуелниот ефект е моќен: карактеристичен, но сепак елегантен и софистициран.

Луксузност и комфор на ентериерот
Malibu Ве повикува да погледнете во внатрешноста. Најпрво, ќе најдете богатство од забавно-информативни карактеристики. Постојат аудио контролни копчиња поставени на управувачот и USB, Bluetooth и MP3 конекција. Исто така, има и 7-инчен екран на допир во боја – со прикриен оддел за складирање.* Тоа е одлично место за Вашиот smartphone или iPod®.
Богат и рафиниран ентериер: Широките, удобни седишта и обемниот простор за складирање се веднаш очигледни, како и чувството на благосостојба. Кабината на Malibu е мирно место за престој. За тоа се заслужни материјалите за пригушување на бучавата во конструкцијата на кабината, независната суспензија и изолираната поставеност на моторот.
А потоа, тука е погодноста. Замислете дека не треба да посегнувате по клучевите во Вашата торба или актовка. Секогаш кога го имате клучот со Вас, вратите на автомобилот се отклучуваат автоматски, а пак кога сте внатре, сè што треба да направите е да го притиснете копчето за стартување и подготвени сте за возење.*
Безбедноста на Malibu
Цврстата структура на телото не само што овозможува одлично ракување, туку и ги заштитува патниците во автомобилот. Со NCAP рејтинг од 5 ѕвезди, Malibu има навистина импресивна низа на стандардни безбедносни карактеристики. Покрај карактеристиките како 6 воздушни перничиња, StabiliTrak® Електронска Контрола на Стабилност и Контрола на Тракција кои сигурно ги очекувате, Malibu доаѓа и со*:
- Активни потпирачи за глава (кои се поместуваат напред со цел да ја заштитат Вашата глава во случај на судир)
- Лумбална поддршка за заштита на долниот дел од грбот
- Систем за повлекување на педалите (педалите можат да бидат опасни во случај на судир, па овој систем ги повлекува)
- Систем за следење на притисокот на гумите

Информации за лансирањето
Malibu е уште еден возбудлив автомобил од Chevrolet, за оние кои се заинтересирани за стил, комфор и софистицираност. Контактирајте го Вашиот локален Chevrolet продавач за да ја регистрирате Вашата заинтересираност.















