Oд 8.890 € Oд 7.090 €

Нашите најдобри мали градски автомобили досега

Како што модерните градови продолжуваат да растат, улогата на малиот градски автомобил стана поважна од кога било. Благодарение на понудите од Chevrolet за 2011 година, купувачите на современи автомобили сега имаат фантастичен избор на автомобили за возење низ град.

Малиот автомобил не значи дека има и мал карактер, секако, Spark и Aveo не разочаруваат. Модерен стил, инструмент табла инспирирана од моторциклите и aux-in приклучок за MP3 се понудата на денот – нашите мали автомобили со стил се динамични и возбудливи како градовите што не опкружуваат.

Палетата на градски автомобили од Chevrolet нуди модерни економични мотори, кои помагаат да се намалат трошоците и емисијата на штетни гасови на минимум. Додека пак, компактните димензии и достапните функции како помош при паркирање, Ви овозможуваат да се протнете во најтесните места за паркирање.

Димензиите однадвор изгледаат компактно, но тоа ќе го заборавите откога ќе седнете во внатрешноста на автомобилот. Изненадувачки просторни, и двата автомобила се карактеризираат со сопствени максимизирачки решенија за просторност и седишта со капацитет до 5 луѓе.

‘Мал’ не мора да значи ранлив – палета на Chevrolet градски автомобили оценети со NCAP безбедност

Кога станува збор за безбедност, очекувајте повеќе воздушни перничиња, најсовремена безбедносна конструкција на шасијата и контрола на тракција во стандардна опрема.

Исто така, палетата на нашите мали градски автомобили се карактеризира со брзо управување и силни мотори, кои им овозможуваат пробивање низ градските улици.

Бидејќи сообраќајот во метрополите понекогаш е неизбежен, ‘Старт-стоп’ технологијата на моторот доаѓа како стандардна опција кај новиот Aveo и помага во подобрување на економичноста на потрошувачката на гориво.

Spark со 5 врати

Oд 7.090 €

Забавен, експресивен градски автомобил со 5 врати.

  • Еден од најпросторните во неговата класа
  • Инструмент табла инспирирана од моторциклите
  • Комфорно сместува 5 лица

Новиот Aveo со 5 врати

Од 8.890 €

Спортски, флексибилен градски автомобил со 5 врати.

  • Стандардно RDS радио/CD со aux-in приклучок
  • Економична потрошувачка на гориво
  • Динамични детали на екстериерот
All links are external and will open in a new window.