Chevrolet Cruze – откријте го новиот спортски хечбек кој прави нештата да се случуваат

Нов, а сепак добро познат. Новиот Cruze со 5 врати е очекувана хечбек верзија на мошне успешниот Cruze седан со 4 врати. Исто како и седанот, и Cruze со 5 врати има одличен стил; спој на дизајн и функционалност, кој може да се види и почувствува како однатре, така и однадвор. Исто така е и многу динамичен.

Добивате многу за Вашите пари. Дознајте зошто новиот Cruze хечбек може да направи нештата да се случуваат за Вас.

 

Атрактивен изглед на Cruze хечбек

Со своите криви и остри линии и кров што наликува на купе, новиот Cruze има атрактивен и моќен став.
Знаеме дека го вреднувате карактеристичниот стил. Благодарение на двојната предна решетка и “закосените“ предни светла, Cruze не е само карактеристичен, туку е и стилски. Автомобил во чекор со времето. Погледнете повеќе фотографии од Cruze во нашата галерија

 

Цврсто возење и управување, благодарение на “ИСР“

Како и седанот, новиот Cruze хечбек има придобивки од својот интегрален систем на рамката – или ИСР – со цел да обезбеди карактеристики на цврсто возење и управување. Тоа Ви овозможува:

  • Силно чувство на стабилност
  • Сигурно држење на патот
  • Подготвено забрзување во вистинска смисла
  • Со преку 400 литри багажен простор, Cruze е сестран автомобил
  • Динамично управување благодарение на цврстата суспензија
  • Chevrolet Cruze хечбек
## Zoom

WTCC шампион – двапати по ред!

Не случајно, тркачкиот автомобил на Светскиот шампионат на тркачки автомобили (WTCC) е Cruze. Chevrolet продолжува да доминира над конкуренцијата, освојувајќи победа во 2010 и 2011 година и во категорија на возачи и во категорија на производители, со огромна разлика пред второпласираниот BMW тим. За повеќе информации за овогодинешната трка, посетете ја нашата WTCC страна.

 

Ефикасна потрошувачка на гориво со одлични перформанси

Линијата на мотори е дизајнирана да овозможи оптимална рамнотежа помеѓу ефикасната потрошувачка на гориво и перформансите. Исто така, моторите на Cruze се дизајнирани за луѓе што сакаат нивниот автомобил да е флексибилен – низ град агилен, а сепак способен за комфорно возење на отворен пат.

Постојат два бензински мотори

  • 1.6 литри (124 КС)
  • 1.8 литри (141 КС)

Овие мотори се достапни како:

  • 5-степен мануелен
  • 6-степен автоматски

Исто така, 2-литарски дизел мотор (163 КС) е достапен како

  • 6-степен мануелен
  • 6-степен автоматски

Сите мотори на Cruze спаѓаат во EURO 5 класа на емисија.

 

Високо-квалитетен ентериер и карактеристики

Кога ќе влезете во внатрешноста на Cruze, веднаш ќе бидете изненадени од:

  • Употребата на високо-квалитетни материјали
  • Дизајнот на кабината инспирирана од автомобилите со големи перформанси
  • Возвишено чувство без премногу врева

Но не е само употребата на високо-квалитетни материјали. Cruze се издвојува со своето високо ниво на опрема.

Употребата на француското порабување кое го спречува “растегнувањето на шевовите“ значи дека Вашите седишта:

  • ќе траат подолго
  • се потрајни

Помалку “празнина“ помеѓу панелите. Ова значи дека сè е цврсто вклопено, што води до:

  • помалку бучава и вибрации
  • надополнување на карактеристиките за цврсто управување

Погледнете ја галеријата фотографии од внатрешноста на Cruze.

Пространата внатрешност на Cruze

Cruze хечбек е простран. Има доволно простор за комфорно седење на петмина возрасни – како и преку 400 литри багажен простор за нивниот багаж. Всушност, просторот за глава, нозе и раменици е помеѓу најдобрите во класата.

Карактеристики на ентериерот и складирање

Со Cruze, добивате многу за Вашите пари. Стандардните карактеристики вклучуваат:

  • Радио/ CD плеер
  • Приклучок за Вашиот iPod или MP3 уред
  • Електрика на предни стакла
  • Возачко седиште подесиво во 4 насоки

Постојат и многу места за складирање за време на Вашите патувања, вклучувајќи:

  • Преграда за чување на ситни пари и помали предмети кај LT и LTZ ниво на опременост
  • Заден потпирач за раце со простор за складирање
  • Прегради за шишиња и мапи на предните врати
  • Централна кутија за складирање со капак кај LT и LTZ ниво на опременост
  • Држач за очила за сонце кај LT и LTZ ниво на опременост
 

Cruze е безбеден

Cruze нуди комплетна палета на безбедносни карактеристики, кои вообичаено ги има само кај поскапите автомобили. Но безбедноста започнува со цврстата структура на телото, кое е конструирано како самостојна единица.

Безбедносни карактеристики за спречување на несреќи

  • ABS за контрола на сопирањето
  • TCS (контрола на тракција) за да Ве одржи цврсто на патот
  • ESC (Електронска Контрола на Стабилност) која се активира во итни случаи
  • EBD (Електронска распределба на сила при сопирање) ги контролира напорите за сопирање напред и назад

Активни безбедносни карактеристики

  • Стандардни шест воздушни перничиња
  • Цврста структура на телото
  • Прицврстувачи за ISOFIX детско седиште
  • Затегнувачи на појасите
 

Додатоците за Cruze прават да се случуваат возбудливи нешта

Имаме палета на додатоци кои ќе Ви помогнат да извлечете многу од животот. Има сè, од носачи на велосипеди, носачи на скии, кутии за кров и многу други додатоци.

Кога станува збор за безбедноста на децата, палетата ги содржи овие важни безбедносни предмети:

  • Детско седиште "Duo Plus"
  • Бебешко седиште "Baby Safe Plus"
  • Isofix основа за "Baby Safe Plus"

За да дознаете повеќе за останатите додатоци за Cruze хечбек, Ве молиме контактирајте го Вашиот локален Chevrolet продавач

Не сте заинтересирани за овај модел? Споредете ги моделите сега!
All links are external and will open in a new window.