Chevrolet Cruze – прекрасно дизајниран седан кој ги менува правилата.
Замислете дека сето ова може да го имате во еден автомобил: прекрасен стил и однадвор и однатре, одлични карактеристики за возење, економични мотори, NCAP рејтинг за безбедност од 5 ѕвезди и огромен квалитет на вклопување и завршница.
Дознајте зошто Cruze е најпродаваниот компактен седан во Германија, Велика Британија, Италија, Шпанија, Португалија, Данска и Швајцарија.
Втора година по ред, Chevrolet во 2011 на Светскиот шампионат на тркачки автомобили ги освои двете титули и во категорија на возачи и во категорија на производители. Кој е тркачкиот автомобил? Тоа е Cruze. Дознајте повеќе за Chevrolet и WTCC
На оваа страна
Продолжете понатаму за да дознаете повеќе за Chevrolet Cruze.
Елегантниот профил на Cruze
Елегантен и стилски, спортскиот профил на Cruze започнува со стрмно накосено предно стакло и се протега до тенките задни столбови.

Знаеме дека го вреднувате карактеристичниот стил. Благодарение на двојната предна решетка и “закосените“ предни светла, Cruze не е само карактеристичен, туку е и стилски. Автомобил во чекор со времето.
Погледнете повеќе фотографии од Cruze.
Цврсто возење и управување, благодарение на “ИСР“
Cruze седан – исто како и неговиот хечбек претходник - има придобивки од својот интегрален систем на рамката – или ИСР – со цел да обезбеди карактеристики на цврсто возење и управување. Тоа Ви овозможува:
- Силно чувство на стабилност
- Сигурно држење на патот
- Подготвено забрзување во вистинска смисла
Дознајте како овие вградени карактеристики на управување придонесоа за победничките перформанси на Cruze во 2010 и 2011 година на Светскиот шампионат на тркачки автомобили.
Ефикасна потрошувачка на гориво со одлични перформанси
Линијата на мотори е дизајнирана да овозможи оптимална рамнотежа помеѓу ефикасната потрошувачка на гориво и перформансите. Исто така, моторите на Cruze се дизајнирани за луѓе што сакаат нивниот автомобил да е флексибилен – низ град агилен, а сепак способен за комфорно возење на отворен пат.
Линијата на мотори ја сочинуваат два бензински - 1.6 литри (124 КС) и 1.8 литри (141 КС) – и 2-литарски (163 КС) дизел мотор. Сите мотори се достапни со 5-степен рачен или 6-степен автоматски менувач и спаѓаат во EURO 5 класа на емисија.
Високо-квалитетен ентериер и карактеристики
Кога ќе влезете во внатрешноста на Cruze, веднаш ќе бидете изненадени од возвишеното чувство во овој автомобил. Светлосиното осветлување дополнително го збогатува чувството, како и:
- Употребата на високо-квалитетни материјали and materials
- Дизајнот на кабината инспирирана од автомобилите со големи перформанси
Cruze е простран. Има доволно простор за комфорно седење на петмина возрасни – како и преку 450 литри багажен простор за нивниот багаж. Всушност, просторот за глава, нозе и раменици е помеѓу најдобрите во класата.
Погледнете го нашето видео со карактеристиките на ентериерот на Cruze за да добиете појасна слика.
Но не е само употребата на високо-квалитетни материјали. Cruze се издвојува со своето високо ниво на обработка. На пример, употребата на француското порабување кое го спречува “растегнувањето на шевовите“. Тоа значи дека Вашите седишта ќе бидат подолготрајни.
Помалку “празнина“ помеѓу панелите значи дека сè е цврсто вклопено, што води до помалку вибрации и бучава. Исто така, тоа ги надополнува карактеристиките за цврсто управување.
Cruze е безбеден – NCAP рејтинг од 5 ѕвезди
Cruze нуди комплетна палета на безбедносни карактеристики, кои вообичаено ги има само кај поскапите автомобили. Всушност, безбедноста на Cruze е толку импресивна, што го оправдува највисокиот рејтинг од пет ѕвезди од Европската програма за проценка на нови автомобили (NCAP).
Безбедносни карактеристики за спречување на несреќи:
- ABS за контрола на сопирањето
- TCS (контрола на тракција) за да Ве одржи цврсто на патот
- ESC (Електронска Контрола на Стабилност) која се активира во итни случаи
- EBD (Електронска распределба на сила при сопирање) ги контролира напорите за сопирање напред и назад
Активни безбедносни карактеристики
- Стандардни шест воздушни перничиња
- Прицврстувачи за ISOFIX детско седиште
- Затегнувачи на појасите на предните седишта
Енергетски апсорбирачките предни и задни зони на гмечење се дизајнирани да се деформираат, со цел да се заштитат патниците во зацврстен безбедносен кафез.
Додатоци за Cruze
Ние развивме одлична палета на додатоци со кои навистина ќе можете да извлечете максимум од Вашиот Cruze. Има сè, од носачи на велосипеди, носачи на скии, кутии за кров и многу други додатоци.




За да дознаете повеќе за останатите додатоци за Cruze, Ве молиме контактирајте го Вашиот локален Chevrolet продавач.
Oд 11.990 €
-
Cruze со 4 врати LS PlusOд 11.990 €
- ABS
- Шест воздушни перничиња
- Клима
- Систем против пролизгување
- Електрика на предни стакла
- Електрика на странични ретровизори со греачи
- Далечинско централно заклучување
- Патен компјутер
- CD-Радио MP3 со AUX влез, 4 звучника
-
Cruze со 4 врати LTOд 12.490 €
Дополнително од LS Plus:
- Електрика на сите стакла
- Cruise control
- Кожен менувач и управувач
- Аудио команди од управувач
-
Cruze со 4 врати LT PlusOд 13.190 €
Дополнително од LT:
- 16'' алуминиумски фелни
- Предни светла за магла
- Задни паркинг сензори
-
Cruze со 4 врати LTZOд 15.250 €
Дополнително од LT Plus:
- Клима (автоматска)
- 17'' алуминиумски фелни
- Сензори за дожд
- Audio interfаce - MP3, iPod interface, 6 звучника
-
Cruze со 4 врати LTZ PlusOд 16.825 €
Дополнително од LTZ:
- Кожени седишта
- Топлење на предни седишта



















