100 години Chevrolet
Автомобилската компанија Chevrolet беше основана на 03 Ноември, 1911 година.
Ова година – точно сто години од зачетокот на компанијата – Ве покануваме заедно да ја прославиме нашата богата историја, преку низа настани кои ќе ги организираме низ Европа.
Европско наследство
Корените на Chevrolet потекнуваат од Европа. Основачот на Chevrolet, Луис Шевролет, е роден во Швајцарија и ова претставува само една од причините зошто Chevrolet има европски карактеристики.
Денес, секако, Chevrolet е еден од најпознатите автомобилски брендови во светот – златното лого сеуште претставува симбол за исконскиот дизајн и оптимистичкиот дух, кои го инспирирале Луис пред многу години.
Chevrolet како дел од општествените, спортските и културните проекти
Луис Шевролет беше посветен автомобилски тркач, па денес Chevrolet не само што е дел, туку и доминира во WTCC трките (Шампионатот за Туристички Автомобили).
Креативноста претставуваше движечка сила за младиот Луис Шевролет, па затоа денес автомобилскиот бренд е вклучен во поттикнување и пронаоѓање на млади таленти низ цела Европa преку иницијативата Млад и Креативен Chevrolet (YCC).
И конечно, во оваа јубилејна година, Chevrolet го започна своето партнерство со СОС Детските Села и до Ноември ова година ќе донира 100 нови автомобили во добротворни цели. Ова партнерство е навистина корисно, бидејќи има за цел да ја подобри мобилноста и подвижноста на загрозените деца од Европа, Узбекистан, Јужна Африка, Лесото и Израел. Луис Шевролет навистина би се гордеел со ова.
Дознајте повеќе за настаните и активностите на Chevrolet.













