Chevrolet – инспиративно спонзорство

Chevrolet има долга историја во поддржување на културни, општествени и спортски иницијативи. Но не станува збор само за финансиска поддршка. Ние навистина се вклучуваме во овие проекти на поинаков и креативен начин и сакаме и Вам да Ве инспирираме да го правите истото.

Дознајте повеќе за тоа што правиме и како да се вклучите.

Chevrolet активности и настани во Македонија

Chevrolet во Македонија е активно вклучен во проектот за донација на Chevrolet автомобили на СОС Детските Села.

Европско Партнерство со СОС Детските Села

По повод прославата за стогодишнината во 2011 година, Chevrolet ќе донира 100 роденденски подароци – нови Chevrolet автомобили – на СОС Детските Села во Европа, Узбекистан, Јужна Африка, Лесото и Израел.

На СОС Детско Село во Македонија ќе бидат донирани 2 автомобилa, со цел децата и нивните СОС мајки полесно да патуваат и да им овозможат на СОС социјалните работници полесно да ги посетуваат загрозените семејства.

Млад и Креативен Chevrolet

Сега, во својата шеста сезона, натпреварот во применети уметности на Младиот и Креативен Chevrolet (YCC) е навистина успешен. Натпреварот, од 8 земји учеснички и 32 училишта во 2007 година, се зголеми на 22 земји и 155 училишта во 2011 година.

FIA Светски шампионат на тркачки автомобили - Сакаме што сме број еден!

Добитници на титулите за возачи и производители во 2010 и сега во 2011 година. Уште еднаш, тимот се подготвува за уште една возбудлива тркачка сезона.

All links are external and will open in a new window.