WTCC Ultra – екстремен тркачки автомобил
Инспириран од учеството на Chevrolet за време на Шампионатот на туристички автомобили (WTCC), дизајнерот Иван Кингсбур го дизајнираше мускулестиот автомобил, кој претставува наследник на Европскиот туристички автомобил.
Уште на првите скици, Кингсбур исцрта хечбек кој балансира помеѓу убавина и технологија, наменета за тркачите - машина создадена за да ја постигне крајната цел. Врз основа на скицата и презентацијата, Chevrolet даде согласност за креирање на Ultra најбрзата машина некогаш создадена во GM.
WTCC Ultra – ги руши сите форми
Со цел да ја задржи моменталната позиција, Chevrolet го поттикна Кингсбур да го реализира проектот за период пократок од една година и од скица да креира прототип.
Целиот проект се реализираше во Јапонија во YDS студиото, каде што Кингсбур заедно со тимот ги моделираа и креираа линиите на новиот модел со помош на 3D технологија.
Линиите на стандардните автомобили се карактеризираат со константни, прави линии, додека пак новиот модел Ultra дава чувство на “постојано движење, иако се останато е во мирување“. Линиите на автомобилот оддаваат чувство на “постојано движење“. Се што беше дизајнирано, беше со цел да се оствари впечаток на огромна енергија, која во секој момент може да експлодира како “темпирана бомба“.
WTCC Ultra – инспириран од тркачкото Chevrolet наследство
Работејќи деноноќно, тимот успеа да го заврши Ultra и да биде претставен за време на Саемот за автомобили во Париз, во 2006 година. Уште при самото појавување, реакцијата на јавноста беше позитивна и еден дел од нив покажа заинтересираност за купување на автомобилот.
Сепак, најважната улога која ја има моделот Ultra е позитивното влијание врз вкупниот дизајн на сите модели на Chevrolet. Во надворешниот дизајн на моделите Spark, новиот Orlando и Cruze, се вметнатни елементи од WTCC Ultra – “мускулестиот“ став и агресивната предна маска.










