Volt MPV5 - максимална ефикасност и стил
“Концептуалниот автомобил Volt MPV5 го позајми одличниот дизајн од Chevrolet Volt и го адаптираше во семејна верзија на автомобил во кросовер сегментот. Уште на прв поглед се забележува дека е дел од семејството Chevrolet“, - изјави Боб Бонифејс, Директор во GM во Северна Америка на одделот за Дизајн на кросовер автомобили.
Концептот на кросовер со 5 седишта го демонстрира потенцијалот на Voltec погонскиот систем, користејќи ја истата основа на Volt за електрично возење без издувни гасови.
Volt MPV5 концептуалниот автомобил ги искористи аеродинамичните линии од моделот Chevrolet Volt. Во предниот дел од автомобилот е потенцирана аеродинамичноста со помош на затворената маска и заедно со намалениот коефициент на отпор овозможуваат поголема економичност во потрошувачката на гориво. Подобрените аеродинамични својства овозможуваат поголем опсег на движење со помош на електриката.
Надворешноста на концептуалниот автомобил Volt MPV5 не е целосно потчинета на ефикасноста. Со темно сината металик боја само го потврдува својот модерен изглед, а двојните светлосни панели и 19“-те фелни го дополнуваат спортскиот изглед на Volt MPV5.
Внатре, MPV5 концептуалниот автомобил, од Volt ги искористи и потенцираше инструмент таблата, мерачот за вртежен момент, како и седиштата преслечени со кожа. Притоа не е нарушен комфорот на задната клупа и патници имаат доволно простор. Типично за сите Chevrolet кросовери е тоа што внатре во кабината има максимум простор, комфор за патниците и лесен пристап при влез и излез од автомобилот.
Кога станува збор за товарен простор, концептот Volt MPV5 ја продолжува традицијата на кросовер, благодарение на преклопувањето на вториот ред на седишта со 1764,1L товарен простор или 863,7 L простор позади задните седишта.
Volt MPV5 на прв поглед
Спецификација
- Модел: Chevrolet Volt MPV5 концептуален автомобил
- Верзија: 5 врати, кросовер со погон на предни тркала
- Опис: електричен автомобил со зголемен опсег
Перформанси
- Максимална брзина: 160 kph
- EV опсег: над 52 km врз основа на EPA во градска зона1
- Најголем опсег: 482 km со полн резервоар со гориво
Батерија
- Тип: Литиум-јон
- Моќност: 16 kWh
Електромотор
- Моќност (kW/hp): 111 / 150
- Вртежен момент (lb-ft / Nm): 273 / 370
Време за полнење
- 120 V: повеќе од 8 часа (вистинското време може да варира)
- 240 V: околу 4 часа (вистинското време може да варира)
Сопирачки
- Вид: дискови на сите 4 тркала со регенерација (силата на кочење се претвора во електрична енергија)
‘Voltec’ системот ја подигна зелената граница кај Volt MPV5’
Концептуалниот автомобил Volt MPV5 го користи истиот Voltec погонскиот систем од Chevrolet Volt и со помош на генераторот се зголемува опсегот на движење на автомобилот. Преносот на моќноста од 16kWh ја реализира литиумската батерија што има облик во форма на “Т“.
Voltec погонскиот систем му овозможува на концептуалниот автомобил Volt MPV5 и неговите пет патници да ја реализираат целосната брзина и забрзување до 51.5 km, користејќи електричен погон. Двојно помалку секојдневно поминува еден жител на Кина. Кога батеријата е потрошена, 1.4 литарскиот генератор му овозможува на автомобилот дополнителен опсег на движење од 482km.
“Voltec погонскиот систем му овозможува на концептуалниот автомобил Volt MPV5 соодветна количина на електрична енергија, што е доволна за овој тип на автомобил. Количината која ја има овој автомобил е во согласност со енергијата на останатите автомобили од овој ранг – соодветна на енергијата на Volt компактниот седан и кросовер концептуалниот автомобил Volt MPV5”, изјави Дог Паркс, Генерален менаџер во одделот за инженеринг на електрични автомобили во GM.











