Chevrolet T2X концепт – кога спортското купе се спојува со SUV

Chevrolet T2X концепт – подинамичен SUV

Ние одбираме да возиме SUV кога ни е потребен поголем простор или спортско купе, кога сакаме спортски перформанси и имиџ.

Дали може да имаме се?

Дизајнерите на Chevrolet во Инчон, Јужна Кореја, овозможија спојување на два различни сегмента и го создадоа T2X, кросовер концепт наменет за помладата популација.

Chevrolet T2X кросовер концептот на отворен пат.

Уште на првите скици од дизајнот на T2X беа вметнати елементи од SUV и спортско купе. Автомобилот е конструиран врз кросовер платформа, со што се обезбедува поголема висина но и поголема пространост во кабината, одлична аеродинамичност и економична потрошувачка на гориво.

Дизајнерите одлучија да направат комбинација на елементите и перформансите од SUV и спортско купе. Горниот дел од телото на автомобилот се карактеризира со чисти и остри линии својствени за спортско купе, додека втората половина од автомобилот е со елементи од SUV.

Според Макс Волф, заменик директор за дизајн - “T2X е наменет за секого, особено за популацијата помеѓу 20 и 30 години, како и за сите што сакаат спортски автомобили, но сепак им е потребна удобност и простор кога патуваат, како во SUV”. Chevrolet T2X е сеуште концептуален автомобил, но претставува правец за идните дизајни на Chevrolet моделите.

Поглед однадвор – флексибилност со стил

Со предно тело во стил на купе и мажествена предница, T2X има елегантен и атлетски изглед. Страничните врати и Б столбовите овозможуваат лесен пристап за патници и за багаж, со дополнителен простор доколку се преклопат задните седишта.

Сепак, T2X концептуалниот автомобил овозможува вистинско спортско чувство во надворешниот и внатрешниот изглед. Спортската предна маска, спортските седишта, моќниот мотор и 7“ монитор овозможуваат целосно чувство на динамичен спортски автомобил.

Внатрешен ентериер на T2X – комплетно опремен и подготвен

Моделот T2X се карактеризира со динамичен изглед дополнет со современ внатрешен ентериер, како и препознатливиот потпис на Chevrolet, што може да се сретне и кај изложбените модели на Chevrolet Spark и Chevrolet Aveo.

Внатре во T2X е вграден 7“ монитор, со што на возачот му се на дофат сите потребни опции за полесно и побрзо комуницирање, како и полесно управување. Предните спортски седишта даваат чувство на спортски автомобил, додека пак задните седишта овозможуваат удобност карактеристична за SUV. Четирите седишта имаат пет сигурносни точки кои се поврзани со сигурносни ремени, со што се обезбедува зголемена сигурност внатре во кабината. Исто така, во автомобилот е вграден стаклен покрив, но има можност да се отстрани стаклениот панел и да се овозможи возење со отворен покрив.

Внатрешните површини се преслечени со квалитетна ткаенина со спортски мотиви, кои оставаат впечаток на пријатна и смирена атмосфера, а во истовреме е задржан едноставен и елегантен стил. Сите детали внатре во кабината допринесуваат да се чувствувате дека сте дел од комплетно опремен и подготвен автомобил за Вашето следно патување.

Bookmark and Share

Претплатете се на нашите Идни Автомобили преку RSS Feed.

All links are external and will open in a new window.