Sequel – кросовер концепт придвижуван од водород

Sequel – подобра опција во секој поглед

И покрај големата популарност на Chevrolet Volt, дизајнерите сеуште имаат предизвик да продолжат со нови достигнувања за наредните генерации на автомобили. Предизвикот беше да се создаде најеколошки автомобил што нема да биде наменет само за саемска изложба на автомобили, туку ќе може масовно да се произведува. Поради тоа, менаџерот на одделот за Истражување и развој во GM - Лари Брнс, заедно со тимот го започнаа проектот за создавање на првиот SUV концептуален автомобил, придвижуван од водород.

Галерија фотографии од Chevrolet Sequel концептот

За време на Саемот на автомобили во Детроит 2005 година, беше презентиран концептуалниот автомобил Sequel, како прв автомобил што е придвижуван од водород и што може да ги исполни сите секојдневни потреби на возачите.

Внатре, Sequel е дизајниран да ги исполни очекувањата на секој возач кој е навикнат на SUV – вклучувајќи клима уред, Sat Nav, погон на сите тркала и простор за седум патници.

Надворешниот дизајн на Sequel не е ништо поразличен од стандардите на SUV, но има нула емисија на штетни гасови. Единствено нешто што излегува од Sequel е водена пареа.

Како резултат на одличниот напредок што е постигнат од страна на концептуалниот автомобил Sequel, Лари Брнс изјави: “Sequel е подобар автомобил во секој поглед. Побрз, полесен за управување, а сепак придвижуван од водород. Тоа само ја докажува новата ДНК за возилата што ќе биде користена во иднината”.

Sequel на прв поглед

  • Верзија: 5 врати кросовер SUV со погон на сите тркала
  • Вкупен опсег: 480 km
  • Мотор: 1.4L турбо полнење DOHC I-4 со VVT (140 КС / 103 kW)
  • Батерија: 65 kW литиумска батерија, 75 kW високо-волтажна дистрибуција
  • Максимална брзина: 160 km/h1
  • Забрзување од 0 до 100: 10 секунди

Креирањето на Sequel

Автомобил придвижуван на водород или технологијата на претворање на водородот во електрична енергија е позната и под терминот “електрични ќелии“.

За полесно сместување на “електрични ќелии“, дизајнерите имаат конструирана “шасија во форма на скирол“, што овозможува резервоарот за водород, батеријата и електро моторот да бидат сместени под подот на простор од 28cm.

Галерија на Sequel одделни елементи.

Бидејќи за “електричните ќелии“ е потребна поголема количина на воздух, а да не дојде до прегревање, во автомобилот се исто така вградени предни и задни вентили. За поголемо редуцирање на тежината и зголемување на перформансите и ефикасноста на автомобилот, дизајнерите ја користат технологијата ‘fly-by-wire’, што се применува во авио-индустријата.

Со ова се овозможува замена на стандардните елементи со компјутеризирани оптички влакна и со тоа, на возачите им е олеснето управувањето на автомобилот.

Bookmark and Share

Претплатете се на нашите Идни Автомобили преку RSS Feed.

All links are external and will open in a new window.