Три Chevrolet мали автомобили, едно интернационално гласање.
Во 2007 година, обожавателите на Chevrolet добија единствена можност да гласаат за својот омилен Chevrolet концептуален автомобил во сегментот на мали автомобили. Еден од трите автомобили со најмногу гласови доби можност да влезе во производство.
Победникот беше прогласен врз основа на вкупните гласови од целиот свет.
Дизајнерите на GM во Инчон, Јужна Кореја, создадоа три револуционерни концептуални автомобили, кои ја таргетираат помладата урбана популација. Сите три концептуални автомобили се полни со енергија, се разликуваат од останатите автомобили во истиот сегмент, но сепак ги имаат задржано основните елементи на Chevrolet – одличен изглед, економична потрошувачка на гориво и вредност.
Кој од трите концептуални автомобили доби најмногу гласови од страна на Chevrolet обожавателите?
Дали тоа беше едноставниот, секојдневен и комплетно опремен Chevrolet Beat, автомобилот со ретро елементи Chevrolet Grove или урбаниот кросовер Chevrolet Trax?
Најмногу гласови на интернационално ниво доби Chevrolet Beat.
Од Beat до Spark
По завршувањето на гласањето, Chevrolet Beat беше прогласен за победник и ја доби можноста да влезе во производство.
И така, едноставниот, секојдневен и удобен Beat влезе во производство и стана дел од сегментот на мали автомобили - Chevrolet со 5 врати или Chevrolet Spark. Автомобилот за првпат беше достапен низ салоните во Европа на почетокот од 2010 година и со самото појавување ги надмина сите очекувања.
Groove – модерен, но носталгичен?
Со други зборови, ова е автомобил што се карактеризира со модерни елементи, земени од класичните модели на Chevrolet.
За да ја реализираат својата идеа, дизајнерите беа инспирирани од елементите на класичните модели на Chevrolet, како што се вертикално поставеното предно стакло и широкиот браник. Крајниот резултат беше урбан кросовер со остри линии.
Groove обезбедува доволно простор внатре во кабината за сите патници, благодарение на високиот покрив и долгата и рамна кабина. Дизајнерите максимално го зголемија внатрешниот простор, со што се создава впечаток на поголем волумен и пространост внатре во кабината. Отворите за воздух што се вградени во предните LED светла за магла го одржуваат ладен 1-литарскиот дизел мотор, додека пак предните тркала се прилагодуваат на временските условите на четирите сезони.
Trax – концепт “секогаш и секаде“
Како изгледа мал автомобил наменет за отворен пат?
Одговор: Исто како Trax.
Trax е наменет за отворен пат и неговиот моќен надворешен изглед е дополнет со елементи како што се браници, задна резервна гума и кровни носачи. Во автомобилот постои комбинирано придвижување на тркалата со новиот AWD систем. Со ограничениот електронски диференцијал, со независната батерија и електричниот мотор што ги движи предните тркала, се обезбедуваат одлични перформанси и зголемена ефикасност.
Моќниот 1-литарски дизел мотор му дава на Trax огромна моќност, без висока емисија на штетни гасови и трошоци за гориво.
Trax претставува урбан SUV концептуален автомобил кај кого е олеснето паркирањето, како и управувањето низ тесни патишта и густ сообраќај, а притоа обезбедува поекономично возење низ урбаната џунгла.











