This website requires Adobe Flash player. You can get the Adobe Flash player by using the button below.
“Зголемен простор” е мотото на Orlando. Тој е MPV со 5 врати и 7 седишта и е дизајниран да зазема помалку простор на патот и да има економична потрошувачка. Исто така изгледа одлично благодарение на линиите од SUV. Orlando ќе биде на располагање кај дилерите на Chevrolet во 2010.
Клучот во концептот на Orlando е тоа што е дизајниран да биде економичен. Издлабената рамна линија, вжарените браници и тркалата “out/body in” создаваат чувство на SUV без дополнителната тежина, висина или прекумерната раздалеченост на тркалата.
Внатре, дизајнерите го зголемиле просторот преку три реда на седишта во театарски стил, стаклен покрив што внесува дополнително светло во кабината. Внатрешниот дизајн овозможува да се претвори просторот во 900 литарски багажен простор само за неколку секунди.
Со впечатливата двојна кабина, високиот квалитет на материјалите и целиот имиџ, Chevrolet Orlando е концепт што може да ја промени иднината на семејниот транспорт.
Претставен за прв пат на Paris Motor Show, Chevrolet Orlando ја вчудоневиди публиката и ја предизвика перцепцијата за семејните автомобили.
Дизајнерот Сеунгво Ким смета дека популарноста на автомобилот делумно се должи на тоа што тој одговара на вистинските потреби на луѓето: “Се должи на традицијата за искреност и едноставен дизајн на Chevrolet”.