Chevrolet Miray родстер концепт

Chevrolet Miray, концепт кој нуди поглед кон иднината

Miray на Корејски значи “иднина“. Овој родстер концепт го претставува истражувањето на брендот на идните можности, карактеризирајќи се со концептен “полуелектричен“ погонски систем кој ги зголемува перформансите и ефикасноста на горивото.

Но, исто така, концептот Miray оддава почит на спортските автомобили на Chevrolet. Тој прави баланс помеѓу иконскиот дизајн со визијата за идниот дизајн, како потсетник дека Chevrolet ја прослави својата 100-годишнина.

Класичен екстериер

Miray е мал и отворен, исто како Monza SS од 1963, и светол и практичен, како Corvair Super Spyder од 1962 година.

Пресечени врати во тркачки стил и осветлени контури

Неговиот експресивен, аеродинамичен изглед потсетува на современите борбени авиони и заедно со пресечените врати во Ле Ман тркачки стил, убедливите линии, клинестите страни и осветлените контури, Miray фасцинантно ги спојува 100-годишната традиција на Chevrolet со визијата за идниот дизајн.

Спортскиот ентериер на Miray

Во внатрешноста се забележуваат многу карактеристики од тркачката традиција на Chevrolet. Брусениот алуминиум, кожата, ткаенините и површините од “течен метал“ создаваат ефект на “вајарска брзина“ – исто така инспирирана од надворешноста на борбените авиони.

Иконски дизајн на кабината

Кабината е фокусирана на возачот и потсетува на легендарните спортски автомобили на Chevrolet. Благодарение на двојниот дизајн на кабината, совозачот ќе го има истото чувство како и возачот, додека пак патниците на задните седишта ќе го почувствуваат амбиенталното осветлување кое истекува од горната инструмент табла.

Информативен екран и централна конзола

Дизајнерите имаа уникатен пристап кон прикажувањето на информации, користејќи задна проекција на инструмент таблата.

Централен екран на допир

Централниот екран на допир е сместен на алуминиумска подлога, потсетувајќи на носот на борбените авиони со тркалата надолу. Површината на екстериерот се претопува во ентериерот за да се исполни засилената конзола, која, исто така, го поврзува предниот и задниот дел на автомобилот.

Копче за старт инспирирано од џет авионите

Инспирацијата за централно поставеното копче за старт е добиена од авионите на млазен погон. Кога ќе го притиснете копчето, повлекувачки кластер се крева како проѕирната купола на борбен авион и на белата површина се појавува “Интерактивна проекција“.

Футуристичка функционалност

Футуристичките карактеристики на Miray вклучуваат подвижни камери со поглед назад (ги заменуваат традиционалните ретровизори) кои се протегаат електрично од страничното стакло, а камерите со поглед напред работат со GPS, со што навигациските информации се вклопени во видео во реално време за да се олесни возењето низ град.

Ефикасност на гориво, погон со високи перформанси

“Концептот на погонот совршено се прилагодува со останатите карактеристики на автомобилот, обезбедувајќи зголемени перформанси на патот и во животната средина“ – Мајк Аркамон, Претседател и CEO на GM Кореја.

 

 

1.5-литарскиот четирицилиндричен турбо мотор на Miray во комбинација со електрични мотори обезбедува зголемена контрола на вртежниот момент на тркалата лево и десно, за возење со подобрени перформанси.

Полуелектричен погонски систем

Miray се карактеризира со концептен “полуелектричен“ погонски систем кој е сместен во најголем дел позади или под возачот, со што се зголемуваат перформансите и ефикасноста на горивото.

Перформанси на моторот

Miray концептот е придвижен од два предно поставени електрични мотори од 15 kW, кои обезбедуваат поголемо забрзување и нула емисија на штетни гасови. Моторите се опремени со 1.6 kWh литиум-јонска батерија, чија енергија се полни преку регенеративното сопирање.

“Голем дел од елементите на погонскиот систем на Miray се логично продолжение на портфолиото за технологија на GM“, изјави Уве Гриб, извршен директор во Студиото за напреден дизајн на GM.

Bookmark and Share

Претплатете се на нашите Идни Автомобили преку RSS Feed.

All links are external and will open in a new window.