Автомобилите на Chevrolet се развиваат од страна на интернационални тимови на дизајнери и инженери, а локациите на GM фабриките се наоѓаат во Соединетите Американски Држави и Јужна Кореја. Моделите на Chevrolet се продаваат низ 130 држави низ целиот свет. Повеќе од 3.5 милиони автомобили беа продадени во 2009 година и со тој параметар Chevrolet се наоѓа меѓу првите четири најголеми автомобилски брендови во светот.
Од планирање на производство до лансирање на нови модели, сите активности на Chevrolet, вклучувајќи и развивање на идеа и дизајн, набавка, производство и продажба, се фокусирани кон развивање на автомобили со одличен изглед и имиџ во кои се вградени најновите технолошки достигнувања, со цел да ги задоволат очекуваните вредности на купувачите.
Автомобилите на Chevrolet се развиваат од страна на интернационални тимови и инженери во одделот на GM Центарот за технолошки достигнувања во Варен (Соединетите Американски Држави), во Центарот за инженеринг на GM во Инчон (Јужна Кореја) или во Центарот за инженеринг на GM во Руселшеим (Германија).
Chevrolet автомобилите се произведуваат низ целиот свет, но во координација со GM Интернационалниот производствен систем (GMS). Автомобилите се произведени со целосна посветеност на сите вработени, на луѓето кои се дел од овој процес, со целосна стандардизација на сите активности, навремена набавка на потребните делови, со намалување на отпадокот и постојано самодокажување и подобрување.
Chevrolet автомобилите кои се продаваат низ Европа се произведуваат во производниот погон во Бовлинг Грен во САД (Corvette спортски автомобили), во производниот погон во Ошава во Канада (Camaro кабриолет и купе) и во три производни комплекси во Кореја, Бупјонг (два производни погони), Гунсан и Чангвон, производниот погон во Санкт Петербург во Русија и во FSO погонот во Варшава, Полска.










