Chevrolet Camaro Coupe – идна легенда

Пред повеќе од 40 години, Camaro му беше претставен на светот како моќен американски автомобил.

Автомобилската икона Camaro се најде во срцата на голем број љубители на автомобили – околу 4.8 милиони автомобили беа произведени во Соединетите Американски Држави во периодот од 1967 до 2002 година.

Chevrolet Camaro на отворен пат.

Многу работи се променети од првите денови на Camaro, но страста која произлегува од возењето на најбрзата машина на отворен пат останува засекогаш.

Во новиот Camaro, дизајнерите одлучија да ги искористат одличните перформанси на претходниот модел, но да дизајнираат модерна изведба на Camaro од 1969, чиј што дизајн според многумина претставува легенда.

Со својата долга хауба и кратка палуба, но сега дополнети со подобрен низок профил за подобра аеродинамичност, новиот Camaro ги прифаќа елементите и деталите од претходниот модел, но сепак не останува заробен во минатото.

Тоа е навистина новиот Camaro подготвен за 21-от век, со извонредни перформанси, но подобрена економичност во потрошувачката на гориво.

Новиот Camaro Купе ќе биде достапен на европскиот пазар во пролет 2012 година.

Внатрешноста на Camaro – спој на наследството и современоста

Внимателно одбраните детали и совршената рамнотежа меѓу наследството и современоста го прават карактеристичен ентериерот кај новиот Camaro. Внатрешно вградените компаси, заедно со кружните мерачи во квадратните куќишта се дел од класичниот модел Camaro. Спротивен ефект се добива со LED технологијата за осветлување внатре во кабината, која дава топла и пријатна атмосфера.

Деталите, како што се хромираните контролни копчиња, сјајната површина и високо квалитетната ткаенина придонесуваат пријатно чувство внатре во кабината. Многу внимание е посветено на деталите на централната конзола, особено на инструмент таблата, која е слична како и кај моделот од 1969 година, со тоа што е дополнета со LED осветлување.

Потенцирање на наследството на Camaro.

Camaro – класични перформанси, нова техонологија

За да се задржи духот на класичниот модел Camaro, а сепак да се поврзе со модерниот начин на живот, дизајнерите ги искористиле перформансите од класичниот Camaro од 60-тите години, поврзани со новите достигнувања во технологијата.

Camaro 432КС/318kW V8 мотор

Во новиот Camaro е вграден 6.2 литарски V8 мотор со 432КС, 318kW и 569Nm вртежен момент, кои овозможуваат надворешниот “мускулест“ изглед да се поврзе со моќноста која автомобилот ја носи под предниот капак.

Електронската контрола на стабилност и контролата на тракција доаѓаат во стандардна опрема, а Конкурентска/Спортска опција е прилагодлива за апликациите за перформанси при возење . Шест брзинскиот рачен менувач дури вклучува функција “Контрола на стартување“ за брзо тргнување.

Camaro на прв поглед

Клучни податоци (U.S. спецификации, февруари 2010)

  • Должина/ширина/висина (mm): 4,836/1,918/1,376
  • Меѓуоскино растојание (mm): 2,852
  • Предни и задни седишта: 2 + 2
  • Багажен просторe (litres): 320 (SAE)

Мотор 6.2 V8 LS3

  • cm³: 6,162
  • kW/PS: 318/432
  • Nm @ rpm: 569@4,600
  • 0 – 60 MPH (sec): 4.9
  • Баланс на тежина (% преден / заден): 52 / 48

Мотор 6.2 V8 L99

  • cm³: 6,162
  • kW/PS: 298/405
  • Nm @ rpm: 556@4,300
  • 0 – 60 MPH (sec): 4.7
  • Баланс на тежина (% преден / заден): 52 / 48

Конечните спецификации и карактеристики може да отстапуваат од прикажаните.

Bookmark and Share

Претплатете се на нашите Идни Автомобили преку RSS Feed.

All links are external and will open in a new window.