This website requires Adobe Flash player. You can get the Adobe Flash player by using the button below.
Заслепувачки прекрасен - Camaro е класичен дизајн кој го обожуваат милиони. Стилска икона која е препознатлива низ целиот свет - осовремен за 21-от век.
Првата работа што нашите дизајнери ја направија кога ја осовремуваа оваа класика, беше да се претопат во оригиналот. Потрошија недели анализирајќи ги изведбата и стилот на оригиналниот Camaro од 60-те - обидувајќи се да разберат што го прави толку посебен и сакан од милиони. Само тогаш можеа да помислат да започнат да го дизајнираат.
Зад новиот концепт на Camaro стои изведбата.
Нашите надворешни дизајнери не сакаа да го менуваат основниот облик на Camaro - но сакаа повеќе да го акцентираат. Така потписот на Camaro, со долга хауба и кратка палуба се задржани - сега дополнително подобрен низок профил за подобрена аеродинамичност. Внатрешноста е комбинација од модерна авијациска кабина - но задржан е портокаловиот пораб од оригиналниот Camaro.
Директорот на дизајн, Том Питерс, чувстува дека Camaro ќе ја задржи фасцинацијата долго време - “50 годни од сега, овие автомобили ќе бидат исто толку возбудливи поради пасијата на експертите. Тие се вечни.”