Aveo RS. Моќен Хечбек со Карактер.

Chevrolet Aveo RS – мал автомобил со голем карактер

Претставување на изложбениот автомобил Chevrolet Aveo RS – демонстрација на прогресивниот Chevrolet дизајн, кој на малиот автомобил му дава голем карактер.

Aveo RS е убав и функционален мал автомобил што се карактеризира со турбо полнење. Модерниот спортски хечбек дизајниран за помладата популација, претставува најава за наредната генерација на Aveo.

Изложбениот Aveo RS во ’Boracay Blue’.

Моделот Aveo RS се карактеризира со поостри линии во внатрешниот и надворешниот изглед, финиширан со електричен ‘Boracay Blue’ и препознатливите Chevrolet елементи како што се двојната рамка, округлите задни светла и задниот браник.

Нашите дизајнери ја намалија предната маска на новиот модел Aveo RS, која сега е комбинирана со полиран алуминиум. Предните светла за магла се вградени внатрешно во предниот браник, со што се добива поагресивен и помоќен надворешен изглед.

Мал, но моќен – функционален, но модерен – Aveo RS претставува последно достигнување на Chevrolet во сегментот на компактни и мали автомобили, како што се Cruze и Spark.

Aveo RS – енергичен дизајн

Карактеристичните надворешни линии на изложбениот автомобил Aveo RS, дополнети со одличните тркала и издолженото предно стакло, му даваат енергичен дизајн на моделот.

Изложбениот автомобил Aveo RS, за разлика од серискиот модел, е подолг, поширок и попростран, со издолжена инструмент табла и вградени, округли, метални контролни копчиња. Внатрешниот дизајн и распоредот на елементите се инспирирани од панелите кои се вградени на моторцикл.

Во Aveo RS е вграден моќниот 1.4 140КС мотор ‘Ecotec’, со турбо полнење и шест-брзински рачен менувач. Овие карактеристики овозможуваат одлични перформанси и економична потрошувачка на гориво.

Премиерата во Европа на изложбениот автомобил Chevrolet Aveo RS беше за време на Саемот за автомобили во Женева, 2010 година.

Внатрешноста на Aveo RS – дизајнирана да импресионира

¬¬Со својата мат црна кабина и нагласените црни елементи со метална и сина нијанса, изложбениот модел Aveo RS предизвикува огромно внимание на сите детали во внатрешниот ентериер. ’Boracay Blue’ мотивот продолжува и внатре, со нагласените шевови кај инструмент таблата, на предните и задните врати, на управувачот и кај менувачот, по рабовите на седиштата, па дури и по патосниците.

На внатрешната црна конзола се интегрирани рачниот менувач, HVAC клима уред и системот за звук, вклучувајќи го и USB приклучокот. Светло сината позадина на аудио екранот, како и кај екранот за индикатори, се прекриени со сини шевови.

Инспирацијата од моторциклите може да се забележи во кружниот мерач на вртежи со асиметрични LCD читачи, со метални и алуминиумски завршетоци.

Ентериерот, колку што е функционален, толку е и елегантен, со прегради за складирање кај предната конзола и вратите. На задните седишта се вградени прегради за складирање на поголеми елементи.

Aveo RS на прв поглед

  • Верзија: 5 врати, за 5 патници, предна-моторна трансмисија, погон на предни тркала
  • Мотор: 1.4 L турбо полнач DOHC I-4 со VVT (140КС / 103kW)
  • Трансмисија: M32 шест-брзински рачен менувач
  • Тркала: 19“

The funky Aveo RS show car in ‘Boracay Blue’.

Aveo RS е убав и функционален мал автомобил што се карактеризира со турбо полнење. Модерниот спортски хечбек дизајниран за помладата популација, претставува најава за наредната генерација на Aveo.

Bookmark and Share

Претплатете се на нашите Идни Автомобили преку RSS Feed.

All links are external and will open in a new window.